Close Menu
Press24
    Најново

    Утре неколку скопски општини и населби ќе останат без струја

    11.06.2026 во 20:55

    Аларм на Антарктикот: Урнат зимскиот темературен рекорд, наместо снег врне дожд и тече кал

    11.06.2026 во 20:35

    Американскиот претседател Доналд Трамп тврди: САД сакаа да испратат оружје во Иран, но Курдите го задржаа за себе

    11.06.2026 во 20:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Утре неколку скопски општини и населби ќе останат без струја
    • Аларм на Антарктикот: Урнат зимскиот темературен рекорд, наместо снег врне дожд и тече кал
    • Американскиот претседател Доналд Трамп тврди: САД сакаа да испратат оружје во Иран, но Курдите го задржаа за себе
    • Крвава пресметка во кумановско: Татко и малолетник нападнале 25-годишник со нож
    • Американскиот министер за финансии со предупредување: Иран ќе плати за штетите нанесени врз нашите сојузници
    • Папата Лав XIV од Канарските Острови: Човечкото достоинство нема пасош, лидерите да покажат солидарност
    • Законите што ќе овозможат изградба на дата центри без дебата го поминаа првиот собраниски филтер
    • Си земале и социјално и пензија истовремено – спротивно на законот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Путин има клучен услов за прекин на војната во Украина

    Путин има клучен услов за прекин на војната во Украина

    19.10.2025 во 10:312 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп побарал потполна контрола врз Донецката област како клучен услов за прекин на војната во Украина, објави The Washington Post, повикувајќи се на два извори запознаени со разговорот.

    Путин, кој повеќе од една деценија се обидува целосно да го освои регионот, предложил Украина да се откаже од делови од Запорожје и Херсон – две украински области кои делумно се под руска контрола – во замена за Донецк. Тоа претставува ублажена верзија на барањето што го изнел во август на самитот во Алјаска.

    Иако некои американски функционери го оцениле предлогот како чекор напред, европски дипломати сметаат дека тој е неприфатлив за Киев. „Тоа е како да им продавате дел од нивната земја за ништо“, изјавил еден дипломат за весникот.

    Трамп засега не се изјаснил јавно околу предлогот, но по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски изјавил дека е време „да престане убивањето и да се постигне договор“. Во наредните недели тој треба повторно да се сретне со Путин, овојпат во Будимпешта, за да продолжат разговорите.

    Во меѓувреме, Киев се надеваше дека ќе добие далекусежни ракети „Томахок“, но американската администрација засега не ја одобрила испораката.

    Линиите на фронтот речиси и да не се промениле во изминатата година, а Русија во моментов контролира околу 20 проценти од украинската територија. Според западни извори, Путин и натаму се обидува со дипломатски маневри да го легализира фактичкиот статус на окупираните територии.

    Прочитај повеќе

    Аларм на Антарктикот: Урнат зимскиот темературен рекорд, наместо снег врне дожд и тече кал

    11.06.2026 во 20:35

    Американскиот претседател Доналд Трамп тврди: САД сакаа да испратат оружје во Иран, но Курдите го задржаа за себе

    11.06.2026 во 20:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.