Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Тројца убиени во пукотница во шпанско одморалиште, меѓу нив бремена жена и дете

    17.08.2026 во 13:55

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Историско судење: Ако „Мета“ го загуби спорот, Instagram и Facebook би можеле засекогаш да се променат
    • Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун – „Тој ме разбира мене, јас го разбирам него“
    • Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари за ракети „Томахавк“
    • Започна исплатата на „Мој ДДВ“ – проверете ги сметките
    • Канада пред нов удар: САД воведуваат царини од 50 проценти во средa
    • Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување
    • Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров
    • Почнува судењето за убиството на Тупак
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Османи најави вонредна состојба во Чаир

    Османи најави вонредна состојба во Чаир

    17.10.2025 во 23:07Updated:17.10.2025 во 23:102 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, во дуелот на МРТВ истакна дека изборите не се само локално прашање, туку момент на ослободување од дваесетгодишната заробеност на Чаир.

    Затоа им реков на граѓаните, со само едно излегување на гласање, тие ќе постигнат неколку големи победи:

    „Најпрво, Чаир ќе се ослободи од заробеноста. Знаете дека Чаир денес е претворен во партиско седиште. Второ, на 19-ти октомври ќе се предаде власта, кога ќе падне Чаир, ќе падне и најанти-европската и најанти-албанската влада. И трето, ќе пропадне идејата за моноетничка доминација во Чаир и претворањето на Албанците во малцинство тука“, рече Османи.

    Тој остро се осврна и на проблемот со нелегалните градби, укажувајќи дека најголем дел од нив се резултат на системска злоупотреба од страна на општинско раководство.

    „Говорам за комерцијални згради на државно земјиште, изградени без комуналии, чии сопственици се луѓе од раководството на општината, регистрирани под други имиња. Тоа се стотици илјади евра што завршиле во приватни џебови“, изјави Османи и додаде дека има 13 илјади предмети на граѓаните кои чекаат на одлучување, а за кои тие се уценувани пред изборите.

    Покрај решение за дивоградбите, друг приоритет за Османи по изборите ќе биде прогласување на вонредна состојба во општината, со цел конечно да се стави ред во хаосот што, како што рече, 20 години ја дави општината.

    „Ќе прогласам вонредна состојба за пет критични теми нечистотијата, дивоградбите, недостигот на паркинг-места, корупцијата и безбедноста. Ќе формираме кризни штабови и веднаш ќе започнеме акција“, најави Османи, објаснувајќи дека општината повеќе не смее да се задушува во отпад и нерегулираност.

    Тој најави и формирање на ново комунално претпријатие за хигиена и системски пристап кон јавната чистота.

    „Ќе вработиме 120 луѓе, ќе набавиме цистерни за миење и дезинфекција на улиците,“ порача Османи.

    Османи потенцираше дека справувањето со корупцијата ќе биде исто така во приоритетите за кои ќе се залага преку отворање на општината и воведување на максимална транспарентност.

    „Ако за сто дена не ја сведам на нула, нема да продолжам понатаму. Чаир ќе биде првата општина каде што тендерите ќе се пренесуваат во живо на интернет-страницата на општината“, нагласи тој.

    Османи упати порака дека Чаир по 19 октомври ќе добие нов почеток: општина на ред, чистота и чесност, општина што повторно ќе им припаѓа на своите граѓани.

    Прочитај повеќе

    Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување

    17.08.2026 во 22:11

    Велјановски ги најави новите странски инвестиции во ТИРЗ зоните низ Македонија

    17.08.2026 во 11:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.