Close Menu
Press24
    Најново

    Украински дронови и ракети погодија цели низ цела Русија, на удар и Москва

    10.06.2026 во 09:11

    Дневен хороскоп: Ракот под притисок на критики, Лавот има потреба од изолација, Рибите да го забават темпото

    10.06.2026 во 08:59

    ВРЕДИ: Северна Македонија и Турција ја обновија соработката во патниот транспорт

    10.06.2026 во 08:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Украински дронови и ракети погодија цели низ цела Русија, на удар и Москва
    • Дневен хороскоп: Ракот под притисок на критики, Лавот има потреба од изолација, Рибите да го забават темпото
    • ВРЕДИ: Северна Македонија и Турција ја обновија соработката во патниот транспорт
    • Издаден портокалов метеоаларм во Хрватска – Силно невреме доаѓа и кон Македонија
    • Апсење во Скопје: Пет лица со лисици на рацете
    • Јакимовски до Мицкоски: „Кој си игра со меч, од меч ќе загине”
    • Скопје центар на регионална дискусија за дигитални политики и безбедни екосистеми
    • „Страв и надеж“ на МНТ на јубилејниот театарски фестивал во Прилеп
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Водиме фер и чесна кампања

    Филипче: Водиме фер и чесна кампања

    16.10.2025 во 19:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче вечерва во Тема на денот на Сител Телевизија рече дека СДСМ води фер и чесна кампања, иако од ВМРО-ДПМНЕ говорат поинаку. Филипче смета дека партијата на власт нема проекти за фалење, па затоа обвинува, а доказ за тоа се проектите на спотови пред 4 години кои денес не се реализирани

    „Ги разбирам обвинувањата и сметам дека станува избор за еден дел од кампањата во којшто дури мислам дека имаме и обврска пред граѓаните, да ги соочиме со тоа што ВМРО-ДПМНЕ правеше во пресрет на минатогодишните избори, а што од сето тоа што тогаш се зборуваше, имаат исполнето. Понатаму, што советуваа од страна на актуелните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ пред 4 години и што од тоа е исполнето. Тоа е наша обврска. И како што сами гледате во сите тие промотивни спотови, ние ништо не зборуваме, тие зборуваат. Тоа се нивни ветувања во коишто близу 100% не се исполнети. Извинете, но тоа е наша обврска да ги информираме за тоа граѓаните. Тоа воопшто не е црна кампања“, рече Филипче. 

    Претседателот Филипче исто така рече дека СДСМ немало скриени намери во кампањата туку напротив имале должност да ја кажат вистината пред граѓаните.

    „Разбирливо е дека кога владата нема со што да се пофали, нема ниту еден сериозен проект, нема ниту една категорија на граѓани коишто се задоволни и коишто видоа бенефит од ова работење на владата изминативе година ипол  ниту пензионерите, ниту работниците, ниту докторите, ниту наставниците, ниту земјоделците се што има останува е да се занимаваат со опозицијата“, рече Филипче на Сител телевизија.

    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: Северна Македонија и Турција ја обновија соработката во патниот транспорт

    10.06.2026 во 08:52

    Јакимовски до Мицкоски: „Кој си игра со меч, од меч ќе загине”

    10.06.2026 во 08:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.