Close Menu
Press24
    Најново

    „Зошто замина толку рано“: Пејачот Јоце Панов се прости од починатиот Елвис Мекиќ

    19.08.2026 во 10:49

    Наскоро споен викенд – Временска прогноза за трите дена одмор

    20.08.2026 во 10:05

    Цената на нафтата продолжува да расте

    19.08.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФОТО: По долго време дивокоза повторно снимена на фотозамките на Пелистер
    • ВМРО-ДПМНЕ: Случајот за трагедијата во Тетово и 14-те жртви не смее да остане во фиока
    • Инцидент пред казино во Скопје: Имал забрана за влез, правел хаос, па се степал
    • Балканот се пржи: Во Србија 42 степени – УХМР најавува екстремно топол ден и во Македонија
    • „Госпоѓата напиша книга и ете нè на иста полица“ – Авторката по овие зборови упати последна порака за Ведрана Рудан
    • Пет пожари и натаму активни, најавените горештини нова закана – ЦУК со пресек
    • ВИДЕО: Тешка ноќ кај Лопатица – Пожарникарите со контрапожар го скротија огнот
    • Уште сега е жешко: Температурите во 8 часот најавуваат пеколен ден
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ЕУ има пет години за да се подготви за војна

    ЕУ има пет години за да се подготви за војна

    16.10.2025 во 11:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Земјите членки на Европската унија имаат рок од пет години да се подготват за можен воен конфликт, стои во нацрт-документот на Европската комисија до кој дојде порталот Politico.

    „До 2030 година, Европа мора да има доволно силен одбранбен систем за веродостојно да ги одврати своите противници и да може да одговори на секоја агресија“, се наведува во документот.

    Планот, кој бил разгледуван од министрите за одбрана, ќе биде официјално претставен пред Европската комисија, а следната недела ќе биде доставен и до лидерите на земјите членки.

    Според Politico, документот наречен План за одбранбена подготвеност 2030 е јасен знак за растечката улога на ЕУ во воените прашања — реакција на војната на Владимир Путин против Украина и на несигурната посветеност на американскиот претседател Доналд Трамп кон европската безбедност.

    „Милитаризираната Русија претставува постојана закана за европската безбедност во догледна иднина“, се наведува во текстот што прв го објави Bloomberg.

    Иако земјите на Унијата ги зголемуваат своите воени буџети, голем дел од трошоците и натаму се распарчени на национално ниво, што доведува до зголемени трошоци и недоволна усогласеност на системите.

    Европската комисија ги повикува земјите членки да купуваат оружје заедно и предлага до крајот на 2027 година најмалку 40% од набавките на одбранбена опрема да бидат преку заеднички договори.

    Планот дополнително поставува цел најмалку 55% од купената опрема до 2028 година да биде од компании со седиште во ЕУ и Украина, а до 2030 година тој удел да достигне 60%.

    Прочитај повеќе

    Балканот се пржи: Во Србија 42 степени – УХМР најавува екстремно топол ден и во Македонија

    21.08.2026 во 08:54

    „Госпоѓата напиша книга и ете нè на иста полица“ – Авторката по овие зборови упати последна порака за Ведрана Рудан

    21.08.2026 во 08:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.