Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пет тинејџери под истрага за групно силување на 17-годишно девојче во напуштена зграда – Хорор во Романија
    • Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител
    • Детали за злосторството ја шокираат јавноста: Го убила 2-годишниот син, па изговорила морничави зборови
    • Уапсен 27-годишник во Белград: Истурил запалива течност и предизвикал пожар во угостителски објект
    • Дојава за бомба и експлозиви во училишен ранец во Средношколскиот центар во Требиње
    • Божиновска во Белград на Вториот министерски самит: Фокус на Вертикалниот гасен коридор и енергетската сигурност
    • Нови детали за смртта на Марија: Го завиткал телото во ќебе и го однел во пештера
    • Полска ја зајакнува одбраната: Системи „Патриот“ се упатуваат кон границата со Украина, се формираат нови воени единици
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ евтино се обидува да го прикрие скандалот со Дехари

    ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ евтино се обидува да го прикрие скандалот со Дехари

    16.10.2025 во 08:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Дехари е симбол за брутална злоупотреба на моќта, понижување на жените, и сексуална злоупотреба, обвинува владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

    Според партијата, Дехари ја злоупотребил својата позиции, а тоа не смее да биде премолчено и неказнето.

    „Во јавноста излегоа снимки кои ја откриваат одвратна вистина за градоначалнкот на Кичево, Фатмир Дехари. Дехари малтертирал и сексуално понижувал жени на работно место. Фатмир Дехари ја злоупотребил својата позиција и ова не смее да биде премолчено и неказнето. Ова е срам, навреда и понижување на секоја жена во државата без разлика на етничката припадност. И наместо оставка од Дехари и извинување, ДУИ се обидува да го прекрие скандалот нарекувајќи ги снимките како ”фабрикувани материјали” и ”шпекулативни и монтирани снимки” во обид да ја замајува јавноста“, се вели во дописот од ВМРО-ДПМНЕ.

    Владејачката партија тврди дека ова е евтин обид на ДУИ да го релативизира овој скандал и да го претвори во етничка сторија.

    „Тоа не поминува, јавноста ги слушна снимките. ДУИ да не ја потценува интелегенцијата на народот. Во тие снимки се слуша како вработените жени се принудени да го бакнуваат дури и да му седнуваат во скут на Дехари. Ова недолично и некултурно однесување на Дехари не заслужува никакво оправдување. Дали ова е нивото на кое падна ДУИ, да бранат и поддржуваат функционери кои сексуално малтертираат жени? Дали ова е нивото, дали почитта кон жената е празно слово во ДУИ? Што им порачуваат на жените и  семејствата со ваквото однесување?“, прашуваат од партијата.

    ВМРО-ДПМНЕ побара Дехари веднаш да си поднесе оставка и да се повлече од јавниот живот.

    „Граѓаните на Кичево и целата македонска јавност не заслужуваат вакво однесување и ваков срам. Ниту една жена не смее да биде третирана како објект и на ваков начин. Не живееме во средниот век, сите жени, мајки и ќерки заслужуваат да бидат третирани со почит и да бидат заштитени. Дехари веднаш да си поднесе оставка и да се повлече од јавниот живот. ДУИ и жените од ДУИ да го осудат ваквото однесување. Сите институции, политички партии и здруженија за заштита на жените да реагираат јасно и безкомпромисно“, се вели во утринското соопштение.

    Прочитај повеќе

    Божиновска во Белград на Вториот министерски самит: Фокус на Вертикалниот гасен коридор и енергетската сигурност

    06.10.2026 во 18:52

    СДСМ: Груби излегува, што ќе каже сега арамијата-пак СДСМ се криви?

    06.10.2026 во 17:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.