Close Menu
Press24
    Најново

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52

    Лоши прогнози: Скап дизел ќе возиме цела наредна година

    07.10.2026 во 10:13

    Измени во „Сејф Сити“ – камерите ќе гледаат нов прекршок

    07.10.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Муцунски на конференција за Коридорот 8 – Ќе разговара и со еврокомесарката Кос
    • Петровска на Рос-Рот семинарот на НАТО во Молдавија
    • Пронајдена неексплодирана рачна бомба во скопско
    • Претепан сопругот на Јелена Крсмановиќ – Завршил без заб и со потрес на мозокот
    • ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Ако има докази за криминал од 37 милиони евра, достави ги до Обвинителството
    • ФОТО: Реновирана салата во „Коле Неделковски“ – Учениците добија современ простор за спорт
    • Аеродромите рушат рекорди: Македонија се движи кон 4 милиони патници
    • ВМРО-ДПМНЕ: Чучер Сандево се развива со конкретни проекти и инвестиции
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Левица по седницата на Уставен: Се гледаме во Стразбур

    Левица по седницата на Уставен: Се гледаме во Стразбур

    15.10.2025 во 16:572 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Уставниот суд реши да ја одбие Иницијативата за оценување на уставноста и законитоста против Упатството на ААВМУ што се однесува на радиодифузерите за поделба на времето за рекламен простор за учесниците на изборите, реагираат од политичката партија Левица.

    „Според ова контраверзно Упатство, иако е парламентарна партија, Левица не доби ниту една секунда простор за рекламирање на овие локални избори, а како политичка партија, Левица ни со сопствени средства, нема право на ниту една секунда – реклама, наспроти милионското расфрлање на пари од страна на ДПМНЕ и СДС“, велат од партијата.

    Според Левица, Уставниот суд одличил предметот да го разгледува на само три дена пред изборите и тоа не по службена должност, туку по поднесена Иницијатива од страна на партијата.

    „Иако контраверзното Упатство, не е објавено во Службен весник, а по својата суштина претставува општ акт и согласно Устав мора да биде објавено за да произведува правно дејствие, ги повредува уставните начела на еднаквост и политички плурализам преку противуставната ЦЕНЗУРА, повредува меѓународни правни акти инкорпорирани во нашиот правен систем, со кои е гарантирано правото на политичко дејствување загарантирано со Европската конвенција за човекови права и со Уставот, сепак, за судиите од Уставен суд тоа не е нималку важно и штетно по уставниот поредок и „во согласност со закон“, настрана што и законот не е уставен – од причина што се работи за дискриминација на партија која е трн во око на олигархијата, нивните газди“, велат од Левица.

    Партијата најавува тужба за државата во Стразбур.

    „Цензурата на еден денес, значи режим за сите утре! Апликацијата до Европскиот суд за човекови права е во подготовка, а после денешната одлука на Уставен, убедени сме дека Република Македонија ќе загуби.  Судот во Стразбур ќе има полни раце работа по оваа одлука, а ние нема да запреме со правната и институционална борба за основните демократски права! Со ова Уставниот суд уште еднаш покажа дека не е на нивото да ја врши својата суштинска должност – оценувањето на уставноста на правните акти“, се вели во реакцијата.

    Прочитај повеќе

    ЕСМ: Од 15 октомври официјално почнува грејната сезона во Скопје

    05.10.2026 во 13:11

    ЈСП: Бесплатен јавен превоз во Скопје за време на „Бела ноќ 2026“

    01.10.2026 во 14:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.