Close Menu
Press24
    Најново

    „Куќата ја изгради, но никогаш не се всели, мајка му плаче секој ден“ – Додека јавноста зборува за Ива семејството на Дурмиши тагува

    15.10.2026 во 10:52

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата падна

    15.10.2026 во 10:14

    Осум морнари се исчезнати по напад на брод во близина на романскиот брег

    15.10.2026 во 10:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пластична или дрвена – Која даска за сечење е подобра?
    • Сталоне откри зошто не може да се пензионира: Свадбата на ќерката ќе го чини скапо
    • Мотоциклист удри во пешак, двајцата завршија во болница
    • Мицкоски: Од навредите кои Филипче ги упати синоќа од Брвеница, гледаме дека имаме работа со личност која го загубила разумот
    • Европската комисија и Украина формираа работна група за забрзување на процесот на пристапување во ЕУ
    • Бран откази на Н1: Познати новинари си заминаа поради притисоци пред претстојните избори
    • Краток мандат во Белата куќа: Портпаролката на Трамп си заминува по лажните тврдења за адвокатската диплома
    • Растат цените на горивата, Германија реагира: Донесена одлука што треба да ги ублажи поскапувањата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    14.10.2025 во 12:052 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Европската унија го проширува проектот „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (AIFA) и на Западен Балкан, а една од првите антени ќе биде отворена во Македонија.

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го најави потегот во Тирана, нарекувајќи го „дигитален ’рбет“ што ќе ги поврзе компаниите од регионот со европската технолошка инфраструктура.

    „Ќе започнеме со две антени во Северна Македонија и Србија, со што воведуваме брз дигитален ‘рбет низ целиот регион и им овозможуваме на компаниите од сите шест партнери да се поврзат со европските фабрики за вештачка интелигенција“, изјави Фон дер Лајен во своето обраќање на Инвестицискиот форум на ЕУ и Западен Балкан во Тирана. 

    „Тоа значи дека вашите компании ќе имаат пристап до европската инфраструктура за вештачка интелигенција токму тука, во регионот. Со други зборови, компјутерската моќ на Унијата ќе ви биде на располагање. Сакам иднината на вештачката интелигенција да се создава во Европа. И сакам Западен Балкан да биде нејзин составен дел,“ додава таа. 

    Овие фабрики се високо-технолошки центри поврзани со европската суперкомпјутерска мрежа EuroHPC и овозможуваат развој и примена на напредни модели на вештачка интелигенција. Центарот во Македонија ќе нуди техничка поддршка, обуки и партнерства со индустријата, создавајќи нови можности за стартапи, истражувачи и дигитална економија.

    Фон дер Лајен истакна дека ова е „политички и технолошки мост“ меѓу ЕУ и регионот, а Македонија со тоа станува дел од европскиот технолошки екосистем и чекор поблиску до дигиталната иднина. 

    Прочитај повеќе

    Мотоциклист удри во пешак, двајцата завршија во болница

    16.10.2026 во 22:59

    Мицкоски: Од навредите кои Филипче ги упати синоќа од Брвеница, гледаме дека имаме работа со личност која го загубила разумот

    16.10.2026 во 22:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.