Close Menu
    Најново

    Проверете колку е загаден воздухот во вашиот град: МЖСПП со нов веб-портал и мобилна апликација за следење на квалитетот на воздухот

    17.12.2025 во 11:57

    УХМР со најнова прогноза: Стабилно до понеделник, од вторник пресврт

    17.12.2025 во 11:44

    Пијан прилепчанец со скоро 2 промили алкохол седнал зад волан – полицијата го уапси

    17.12.2025 во 11:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Проверете колку е загаден воздухот во вашиот град: МЖСПП со нов веб-портал и мобилна апликација за следење на квалитетот на воздухот
    • УХМР со најнова прогноза: Стабилно до понеделник, од вторник пресврт
    • Пијан прилепчанец со скоро 2 промили алкохол седнал зад волан – полицијата го уапси
    • Скопје утрово е втор најзагаден град во Европа, концентрацијата на ПМ 2,5 честичките е 13 пати над дозволеното
    • Трамп нареди тотална блокада на нафтените танкери што превезуваат венецуелска нафта
    • (ВИДЕО) Хаос во бугарскиот Парламент: Пратеници се степаа среде седница, летаат боксови
    • Ѓаволот од бегство во куќен притвор
    • Македонец приведен во Швајцарија – му се заканува депортација
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Филипче: Ме исмејуваа дека сум бил наивен

    Филипче: Ме исмејуваа дека сум бил наивен

    14.10.2025 во 09:12
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Кочани, нагласи дека во изминатата година неговата борба била насочена кон суштински промени во судството, институциите, за темелни реформи.

    „И затоа, во изминатата година, се борев за вистинска, искрена реформска промена на оваа држава. Се борев да направиме темелни реформи во судството и институциите. Се борев да ја турнеме оваа земја напред кон ЕУ затоа што само така, верувајте, можеме од корен да ги смениме работите”, порача д-р Филипче.

    Лидерот на СДСМ посочи дека и покрај потешкотиите и недостигот на политичка волја кај дел од лидерите, останува посветен на идејата за национално обединување околу реформите.

    „На моменти се понижував и одев да разговарам со сите лидери за да им објаснам дека е важно да направиме национално обединување околу реформите, околу патот напред. Затоа што знам дека само тоа е решението за сите идни генерации. Но не прифатија. И ме исмејуваа дека сум бил наивен”, рече д-р Филипче. 

    Тој порача дека вербата во промените не е наивност, туку одраз на искрено лидерство, нагласувајќи дека реформите, чесноста и одговорноста се единствената патека што ќе обезбеди стабилна, праведна и европска иднина за сите граѓани.

    „Но не е наивност искрено да веруваш во промени. Искрено да се бориш за нив. Не е наивно да подаваш рака за реформи и да не калкулираш. Да поднесуваш документи со кои се решаваат децениски застои и блокади. Тоа не е наивност. Тоа е лидерство”, заклучи д-р Филипче.

    Тој додаде дека единствениот пат напред за државата е преку вистински и темелни реформи кои ќе го променат системот од корен.

    „Наназад не можеме да ги смениме работите, но можеме да извлечеме поуки и да го смениме системот. Да ја смениме иднината”, рече д-р Филипче на граѓанската трибина на СДСМ и Коалицијата „Се бориме за нашиот дом“, која се одржа во Кочани.

    Популарно

    Горивата драстично поевтинуваат од полноќ

    15.12.2025 во 14:21

    Ќе нема струја цел ден – ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    16.12.2025 во 10:50

    Газдата на „Дурмо турс“: Го оперирав тестисот, до одморам 20-30 дена и се јавувам во затвор

    16.12.2025 во 10:46

    Ќе нема струја до 15 часот: ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    17.12.2025 во 09:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.