Close Menu
Press24
    Најново

    ФОТО: ДУИ обвинува за полициска бруталност

    09.10.2026 во 11:15

    ВИДЕО: Со албанско знаме го блокираше сообраќајот – Полицијата го пронајде лицето кое„глумеше шериф“ во Скопје

    09.10.2026 во 08:35

    Пред нас продолжен викенд, а потоа уште еден – На овие датуми ќе одмориме

    09.10.2026 во 08:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Меѓународниот кривичен суд во Хаг за санкциите на САД: Историјата ќе суди за овој момент
    • 10 професии што најчесто водат кон развод
    • Земете пример од нив: Ова се навиките на луѓето кои никогаш не се разболуваат
    • САД воведоа опсежни санкции против Меѓународниот кривичен суд
    • Димитриеска-Кочоска најави нова граѓанска обврзница до крајот на годината
    • Сообраќајка кај Кале, тешко повреден возач на мопед
    • Шакира и Пике повторно на суд
    • Силен земјотрес од 7,9 степени ја погоди Панама: Епицентарот во близина на Макаракас
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски на терен учествуваше во акцијата за чистење на депонијата кај полигонот под Кале

    Герасимовски на терен учествуваше во акцијата за чистење на депонијата кај полигонот под Кале

    13.10.2025 во 14:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Актуелниот градоначалник на Општина Центар и кандидат од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Горан Герасимовски, денеска, заедно со директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Душко Коцевски, учествуваше на акцијата за чистење на депонијата кај полигонот на Кале.

    Како што посочи Герасимовски, хигиеничарите на ЈП ПОЦ заедно со службите на Општината се постојано на терен. Тој нагласи дека Општината во соработка со ПОЦ изнајмува дополнителна механизација за да го отстрани ѓубрето кое, како што рече, се прелева на улиците.

    – Изминатите четири години сработуваме она што и Град Скопје не го сработува заедно со нашите тимови на луѓе, заедно со хигиеничарите на ПОЦ, заедно со сите вработени постојано сме на терен. Денеска се чисти овој дел под Кале, добро познатиот полигон каде што се соочувавме со огромна депонија. Нема да дозволиме центарци да се гушат во смет. Секојдневно нашите служби се на терен, дури и во ноќните часови. Како Општина заедно со Јавното претпријатие ПОЦ изнајмуваме дополнителна механизација за да цело ѓубре што се прелева на улиците, па и на други депонии, биде отстрането од наша страна, рече Герасимовски. 

    По завршувањето со чистење на депонијата во населбата Крњево, Герасимовски истакна дека Општината продолжила со чистење на депонијата во Градскиот парк, на местото од старите бараки на судот кои изгореа во пожар пред неколку години.

    – По завршувањето со чистење на депонијата во населбата Крњево, продолживме со чистење на депонијата во парк, на местото од оние стари бараки на судот којшто беа изгорени. Тој простор сега се уредува и во моментов се уредува просторот под Кале. Нашите служби заедно со мене, заедно со директорот на ПОЦ, ќе бидеме постојано на терен за да го дигнеме нивото на хигиена на што повисоко ниво, рече Герасимовски. 

    Прочитај повеќе

    Карпош одбележа 50 години постоење со традиционалните спортски игри за пензионери

    09.10.2026 во 19:34

    Инвестиција од 1 милион евра во Чаир: Во завршна фаза изградбата на новиот училиштен базен во ОУ „7 Март“

    09.10.2026 во 15:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.