Close Menu
Press24
    Најново

    Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат

    17.08.2026 во 10:29

    „Зошто замина толку рано“: Пејачот Јоце Панов се прости од починатиот Елвис Мекиќ

    19.08.2026 во 10:49

    Герасимовски: И оваа година бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение

    17.08.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Двајца мажи од струшко нелегално копале минерални суровини и ја загадиле водата во Струга
    • Сандра Булок за болеста и смртта на партнерот Брајан Рендал: Ме замоли да не зборувам за тоа
    • Министерот Сулејмани во посета на културните установи во Струга
    • Мицкоски: Мала Преспа е доказ дека границите не можат да ги избришат јазикот, културата и чувството на припадност
    • Томовски: Институциите постапија веднаш, на граѓаните на Гостивар им беше обезбедена питка вода во континуитет
    • МВР пушти веб сајт Сејф сити за странските возила: Казните ќе си ги плаќаат електронски за да нема гужви на границите
    • Од затвор и се јавил на сопругата и и се заканил дека ќе ја убие
    • Изгоре шкода – сопственост на државна институција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Жално е позитивните индикатори во државава да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    Мицкоски: Жално е позитивните индикатори во државава да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    13.10.2025 во 14:142 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Како политичка партија го ставаме државиот интерес пред партиските емоции, рече премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски на новинарско прашање од што ќе зависи дали по локалните избори ќе се одржат и предвремени парламентарни на што повикаа опозициските партии.

    Според Мицкоски, жално е позитивните индикатори во државава да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори. Премеирот, по средбата со претставници на Стопанска комора на северо-западна Македонија, во рамки на изборната кампања, истакна дека Владата има полн легитимитет, а дека политички партии што повикуваат на предвремени избори немаат програма за мобилизирање на своите гласачи освен поделби и националистички испади. 

    – Повеќе од 600 илјади граѓани на изборите минатата година гласаа за оваа Влада. Јас разбирам дека има политички партии кои освен поделби, и би рекол  националистичи испади немаат друга програма  за да ги мобилизраат своите структури и гласачи. Единствената работа што можат да ја направат е да повторуваат предвремени избори.  ВМРО-ДПМНЕ убедливо ги победи во 2021 година со историски резултат на локалните избори, па беше во опозиција три години, па дојдоа парламентарни избори, убедливо ги победи со историски резултат. Денеска сме Влада. Еве денеска излегува ревидиран БДП за 2024 година од три проценти, еден од најголемите во Европа… Одиме и над тоа. Тоа е над сите очекувања на Меѓународниот моментарен фонд и Светска банка.  Би било навистина жално ако  сите овие позитивни индикатори ги прекинеме  со предвремени парламетарни избори. Ние како политичка партија го ставаме државниот интерес пред партиските емоции, рече Мицкоски.  

    Државниот завод за статистика денеска објави претходни податоци за БДП за 2024 година, според кои реалната стапка на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во 2024 година, во однос на 2023 година, e 3 проценти, а номиналната 6.8 проценти.

    Прочитај повеќе

    Муцунски: Силната дипломатија се мери според интересите што ги штити, партнерствата што ги гради и можностите што ги создава

    20.08.2026 во 15:12

    СДСМ предлага 28 денари за „вранец“ и 25 за „смедеревка“: Филипче критикува за ниските откупни цени

    20.08.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.