Close Menu
Press24
    Најново

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Починал на лице место – Тешка сообраќајна несреќа во Македонија

    24.08.2026 во 10:13

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонија со најевтино гориво – Албанија со најскапо
    • Дата-центри во Македонија: Дигитална шанса или нов товар за струјата и водата?
    • Стигнуваат големи пари и среќа: Овој хороскопски знак до крајот на летото го очекува големо богатство
    • Приборот за на училиште не е многу поскап од лани но со под 50 евра не се трга на 1 септември
    • ДЗС и пожарникарите ги здружија силите: Се затрупува депонијата во Кавадарци за да се сопре чадот
    • Најмногу пари доаѓаат од патарината кај Романовце – за 6 месеци од патарини собрани над 30 милиони евра
    • Украина полека ја губи војната
    • Федоров: Украина полека ја губи војната, има само неколку месеци за пресврт
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Дваесет години институционална тишина ја чини државата 25 милиони евра – време е за спогодба во интерес на сите

    Дваесет години институционална тишина ја чини државата 25 милиони евра – време е за спогодба во интерес на сите

    13.10.2025 во 11:00Updated:13.10.2025 во 17:523 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Иако долгот на ЖРСМ Транспорт АД кон Хрватски железници Карго е повеќепати признат, државата две децении не превзема мерки за решавање, а каматата годишно расте речиси за 2 милиони евра.

    Нејасно е како и зошто сите македонски влади од 2007 година до денес дозволиле меѓународно признаен долг од нешто помалку од 4 милиони евра да порасне на цели 25 милиони евра, притоа игнорирајќи ги сите предлози за спогодбено решавање на спорот.

    Судскиот процес за долгот на ЖРСМ Транспорт АД Скопје кон Хрватски железници Карго веќе е започнат, главната расправа – рочиште е закажано за октомври годинава.

    Сè уште не е познато со кои аргументи Државното правобранителство ќе ги брани интересите на државата, бидејќи долгот повеќепати е официјално признат од сите директори на Македонски железници Транспорт и во нивните јавно објавени бизнис планови.

    Побарувачот – Компанијата CIOS Zagreb, формално и правно станала доверител на долгот во 2011 година, кога го откупила на јавен тендер гарантираното побарување од Хрватски железници Карго. Од тој момент, CIOS континуирано се обидува да воспостави дијалог и постигне спогодба со македонската страна, доставувајќи официјални предлози за договор и прекин на течењето на каматата. Пресметките на каматите се согласно правилата за пресметки на Меѓународната железничка унија (UIC).

    И покрај тоа, институциите остануваат пасивни и без одговор веќе повеќе од една деценија.

    Согласно Планот на поделба на Македонски железници, верификуван со Одлука на Владата на Република Македонија од 08.05.2007 година, долгот за железнички превоз кон странски железници, за периодот 1991–1995 и понатаму од 1996 година, и официјално ѝ припаднал на ЖРСМ Транспорт АД. Таму јасно стои дека долгот кон Хрватски железници Карго по основ на главница изнесувал 3.842.386 евра, додека со каматите на 31 август 2023 година достигнал цели 25 милиони евра.

    Во истиот документ стои дека сите други долгови од овој период – освен со Хрватска и Бугарија – биле решени со посредство на Меѓународната железничка унија (UIC) од Париз, која во овој случај има и улога на гарант на обврските. Тогашните спогодби биле прифатени со отпис на камати и намалување на главниот долг за 51%, со државна гаранција за плаќање.

    Со ваквиот игнорантски однос, државата не само што го зголемува товарот на ЖРСМ Транспорт АД, туку и го доведува во прашање својот углед во меѓународните финансиски и железнички односи.

    Експертите предупредуваат дека договорна спогодба е најразумен, економски оправдан и меѓународно кредибилен чекор што би бил од корист за сите страни – и за државата, и за доверителот, и за железничкиот систем во целина.

    Прочитај повеќе

    Дата-центри во Македонија: Дигитална шанса или нов товар за струјата и водата?

    25.08.2026 во 22:20

    Приборот за на училиште не е многу поскап од лани но со под 50 евра не се трга на 1 септември

    25.08.2026 во 22:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.