Close Menu
Press24
    Најново

    Починал на лице место – Тешка сообраќајна несреќа во Македонија

    24.08.2026 во 10:13

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Засилени контроли на МВР: Казнети 965 возачи на електрични тротинети
    • Со полициско возило и без дозвола: Полицијата сопрела 17-годишник на булеварот „Илинден“
    • Премиерот Мицкоски утре ќе присуствува на поставување камен-темелник за автопатот Скопје-Блаце
    • Физички нападнале 23-годишна девојка: Кривична за двајца тинејџери од тетовско Брвеница
    • Подгответе за гужви во Скопје: Утре доаѓа косовскиот премиер
    • МЗШВ: Исплатени 85,7 милиони денари за 1.159 одгледувачи на кози
    • Агресивно се однесувала и ѝ се заканувала на 18-годишната ќерка: Полицијата приведе 53-годишна жена од липковско
    • Бугарската претседателка е заглавена во минатиот век – нема да навлегувам во дискусија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Андоновска: Коцевски да кажe дали ја истражиле и каква е улогата на Оливер Спасовски во заштитата на газдата на Пулс

    Андоновска: Коцевски да кажe дали ја истражиле и каква е улогата на Оливер Спасовски во заштитата на газдата на Пулс

    12.10.2025 во 14:392 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Дали Оливер Спасовски се јавувал во СВР Штип и барал да се р’же на полицијата во Кочани за спас на газдата на дискотеката Пулс? Што кријат ЈО и Коцевски? Праша Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

    Според информациите кои излегоа во јавноста, обелоденети од медиумите доаѓаме до фрапантни сознанија и вмешаност на врвот на власта на СДС во случајот со нелегалното работење на дискотеката Пулс. Имено медиумите објавија телефонска конверзација помеѓу синот на газдата на Пулс – Михаил и извесна Бојана. Од конверзацијата се влече логичниот заклучок дека власта на СДС вешто го штитела газдата на Пулс, а во тоа биле вмешани и министри. Имено според објавеното во медиумите, на 17 февруари 2022 година, синот на газдата Дејан Јованов – Деко, Михаил, се јавува до извесна Бојана и ја известува дека Оливер Спасовски ( министер за внатрешни работи) се јавувал во СВР Штип, за да ургира за дискотеката. И тоа со зборовите – „Оливер Спасовски се е јавувал у Штип у полицијата за нас“. По што Бојана го прашува Михаил зошто се јавувал Оливер Спасовски, дали за да ја намалат казната и за каква казна станува збор? По што Михаил ѝ кажува дека добил информација за казна која требало да им биде наплатена од УЈП, во висина од 40.000 евра ѝ дека ургенцијата била со цел да не им досадува полицијата. „И он кажал тој началникот од Кочани утре одма на информативен разговор да дојде … кај началникот за Источна Македонија… ќе им с’ржат малку… да се посерат“ завршува Михаил. ЈО и Љупчо Коцевски треба да кажат дали истражиле и дали го повикале Оливер Спасовски на информативен разговор, дали е извршена проверка во полицијата во Штип и Кочани и дали постоела негова ургенција? Дали ЈО и Љупчо Коцевски постапиле според закон, или го кријат и штитат Оливер Спасовски? ЈО и Љупчо Коцевски да не молчат, истакна Андоновска. Каква е улогата на Оливер Спасовски во заштитата на газдата на дискотеката Пулс и работата на дискотеката? Прашува Андоновска

    Прочитај повеќе

    Бугарската претседателка е заглавена во минатиот век – нема да навлегувам во дискусија

    25.08.2026 во 15:55

    Да се обединиме против Мицкоски – ни ја продава водата и струјата

    25.08.2026 во 15:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.