Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија: Фудбалер пронајден мртов во шума

    20.02.2026 во 17:44

    Хаос околу тренерките во училиштата во регионот: Еве кога учениците ќе бидат исфрлени од училница

    20.02.2026 во 17:40

    Голем удар за Белата куќа: Врховниот суд на САД ги поништи царините на Трамп

    20.02.2026 во 17:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Трагедија: Фудбалер пронајден мртов во шума
    • Хаос околу тренерките во училиштата во регионот: Еве кога учениците ќе бидат исфрлени од училница
    • Голем удар за Белата куќа: Врховниот суд на САД ги поништи царините на Трамп
    • Еве кој може да смета на речиси 1.500.000 динари: Српската влада усвои уште една програма за поддршка
    • СДСМ: Извинување до Орце Ѓорѓиевски
    • (ФОТО) МВР со шокирачки детали за планираниот масакр во Македонија: Терористот спремал над 600 куршуми, ножеви, автоматски пушки и панцири
    • Неверојатна измама во Неготино: Mу оставил заклучена чанта со катанец, а му зел 4.000 евра
    • Падна Италијанец на Табановце: Се обидел да внесе цел арсенал оружје во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова ќе учествува на одбележувањето на 35-годишнината од формирањето на Венецијанската комисија

    Сиљановска-Давкова ќе учествува на одбележувањето на 35-годишнината од формирањето на Венецијанската комисија

    10.10.2025 во 12:28
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Венеција, Италијанска Република, по повод учеството на одбележувањето на 35-годишнината од постоењето на Европската комисија за демократија преку право (Венецијанската комисија), советодавно тело на Советот на Европа.

    Предвидено е Сиљановска-Давкова на 11-ти октомври да се обрати на свеченото одбележување на годишнината, кадешто, покрај останатите високи гости, е најавено присуството на претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела и претседателката на Република Молдавија, Маја Санду. На настанот ќе му претходи отворање на изложбата на тема „Демократија преку право: од Република Серенисима до Венецијанската комисија на Советот на Европа“.

    Претседателката ќе оствари средби со Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе и со претседателот на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа, Марк Кулс.

    Во рамки на посетата, претседателката ќе оствари средба со претставници на македонската заедница во Италија и ќе се обрати на приемот што по повод 11 Октомври, Денот на народното востание, ќе се одржи во Генералниот конзулат во Венеција.

    Сиљановска-Давкова во периодот од 2008 до 2016 година беше македонски претставник во Венецијанската комисија.

    Популарно

    „Сејф Сити“ не простува: Казна од 45 евра ако влезете на зелено, а останете заглавени среде крстосница

    19.02.2026 во 23:16

    СДСМ: Сопругата на Орце Георгиевски со чанта од 30.000 долари?

    20.02.2026 во 14:33

    Тешка сообраќајка во Скопје: Мотоциклист повреден по удар од отворена врата на Пежо

    19.02.2026 во 23:13

    УХМР со најава: Ќе истури дожд

    20.02.2026 во 08:00

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.