Close Menu
    Најново

    Мицкоски: СДСМ и ДУИ сè уште не извлекле поука од катастрофата што им се случи на минатите избори

    10.10.2025 во 18:18

    Уапсен крадец во Кавадарци, следува соодветна пријава

    10.10.2025 во 18:14

    Мицкоски: Тројната оска СДСМ-ДУИ-Левица функционира затоа што власта им е помила од се во животот 

    10.10.2025 во 18:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Мицкоски: СДСМ и ДУИ сè уште не извлекле поука од катастрофата што им се случи на минатите избори
    • Уапсен крадец во Кавадарци, следува соодветна пријава
    • Мицкоски: Тројната оска СДСМ-ДУИ-Левица функционира затоа што власта им е помила од се во животот 
    • Тентов: Дојран ќе добие целосна реконструкција и модернизација на хидросистемот 
    • Кина воведе пристанишни такси за американските бродови
    • Николоски: Време е на Валандово да му се случи промена за заеднички да можеме да ја градиме општината
    • Николоски: Владата ниже резултати и реформи
    • Гаши: Собранието треба да е катализатор на промените во домувањето и енергетската ефикасност
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » ТАВ Македонија и Црвениот Крст донираа 110 оброци за бездомници во Скопје

    ТАВ Македонија и Црвениот Крст донираа 110 оброци за бездомници во Скопје

    10.10.2025 во 10:49
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    ТАВ Македонија, во соработка со Црвениот Крст на Град Скопјe, денеска, на Светскиот ден на бездомништво, подготви и донираше готвени оброци за 110 бездомни лица во Пунктот за бездомници во Момин Поток во Скопјe.

    Како дел од својата стратегија за корпоративна општествена одговорност, аеродромскиот оператор, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на групацијата АДП, втора година по ред ја организира оваа хуманитарна активност „ТАВ Готви“. 

    – Веруваме дека општеството напредува кога компаниите, институциите и граѓаните дејствуваат заедно за хумани цели. Соработката со организации како што е Црвениот Крст ни овозможува заеднички да создаваме вистинска општествена вредност и затоа би сакал уште еднаш да им се заблагодарам на луѓето од Црвениот Крст на Град Скопјe и на луѓето од Пунктот за бездомници во Момин Поток. Посакувам да продолжиме да соработуваме и во иднина и заеднички да придонесуваме за подобро утре за оние на кои им е најпотребно, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

    Сузана Тунева Пауновска, секретар на Црвениот Крст на Град Скопјe истакнува дека пристапот до топол и свежо приготвен оброк е основна човечка потреба, но, како што вели, за жал, дел од нашите сограѓани секојденевно се соочуваат со овој предизвик.

    – Благодарение на поддршката од општествено одговорните компании како ТАВ Македонија, Црвениот Крст успева да обезбеди континуирана помош и поддршка за овие луѓе. Црвениот Крст на Град Скопјe високо ја цени долгогодишната соработка со компанијата и нејзината подготвеност да поддржува активности во заедницата, со што заеднички придонесуваме за поинклузивно и похумано општество, изјави Тунева Пауновска.

    Како што информираат од ТАВ Македонија, во рамките на истата општествено одговорна активност „ТАВ Готви“, ТАВ Македонија и нејзината сестринска компанија БТА, одговорна за храна и пијалоци на скопскиот аеродром, заедно со Црвениот Крст, ќе организираат уште една донација на готвен оброк за бездомници до крајот на оваа година.

    Популарно

    Последен убав викенд оваа година – какво време не чека до крајот на октомври

    09.10.2025 во 09:54

    Се јави советникот на ДУИ: Мојата госпоѓа не е вмешана, ние живееме заедно – најдете кој сакаше да ме убие

    10.10.2025 во 12:43

    Паднаа двајца криумчари – едниот со неготинска „опел астра“ чистел пат, другиот во скопска „шкода“ превезувал седум мигранти

    10.10.2025 во 09:51

    Судот го спаси газда Марковски од притвор – обвинителството се плаши дека ќе бега, имал многу имот во странство

    10.10.2025 во 10:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.