Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пет тинејџери под истрага за групно силување на 17-годишно девојче во напуштена зграда – Хорор во Романија
    • Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител
    • Детали за злосторството ја шокираат јавноста: Го убила 2-годишниот син, па изговорила морничави зборови
    • Уапсен 27-годишник во Белград: Истурил запалива течност и предизвикал пожар во угостителски објект
    • Дојава за бомба и експлозиви во училишен ранец во Средношколскиот центар во Требиње
    • Божиновска во Белград на Вториот министерски самит: Фокус на Вертикалниот гасен коридор и енергетската сигурност
    • Нови детали за смртта на Марија: Го завиткал телото во ќебе и го однел во пештера
    • Полска ја зајакнува одбраната: Системи „Патриот“ се упатуваат кон границата со Украина, се формираат нови воени единици
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Георгиевски: Во Илинден ќе се отвори полициска станица за безбедна и мирна животна средина за сите граѓани

    Георгиевски: Во Илинден ќе се отвори полициска станица за безбедна и мирна животна средина за сите граѓани

    09.10.2025 во 19:563 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Александар Георгиевски, кандидат за градоначалник за општина „Илинден“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати и истакна дел од реализираните проекти во општина Илинден.

    „Ја подобривме инфраструктурата, изградивме фекални канализации и ја модернизиравме водоводната мрежа. Јавните комунални претпријатија добија современа механизација и зголемен возен парк, за полесно да ги извршуваат своите обврски кон граѓаните на Илинден, бидејќи нашите граѓани заслужуваат современи услови за живеење. Илинден, е финансиски стабилна општина без долгови“, рече Георгиевски.

    Георгиевски истакна дел од проектите на изборната програма. 

    „Ќе изградиме и реконструираме над 15км главни и локални улици и патишта низ сите локални места, ќе изградиме и реконструираме најмалку 5 локални моста, ќе продолжиме со изградба на пешачки и велосипедски патеки, како и со проектот светла општина Илинден каде што предвидуваме поставување на нови линии на улично осветлување, во делот на образованието, ќе продолжиме со инвестиции во инфраструктурата на нашите училишта, во рамки на основното училиште „Гоце Делчев“ ќе изградиме нова училишна зграда која ќе обезбеди современи и безбедни услови за учење, исто така, ќе изградиме и нова спортска сала во основното училиште „Браќа Миладиновци“ која ќе обезбеди современ простор за физичко образование, спортски активности и рекреација, во овој дел, важно е да се спомене и финансиската поддршка за секое ново прваче која за прв пат ќе ја доделиме со почеток од новата учебна година, на новиот мандат, ќе изградиме нова градинка“, истакна Георгиевски.

    Георгиевски исто така го истакна еден од најзначајните проекти и тоа отворањето на полициска станица, која ќе обезбеди безбедна и мирна животна средина за сите граѓани.

    „Како дел од нашите напори за зајакнување на јавниот ред и мир, ќе отвориме полициска станица, оваа Влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, конечно оваа година со промена на законските регулативи овозможи отворање на полициска станица од општа надлежност во Илинден. Оваа полициска станица ќе овозможи побрза и поефикасна реакција на полицијата, како и поголема присутност во заедницата, што ќе создаде безбедна и мирна животна средина за сите граѓани“, рече Георгиевски.

    На крај Георгиевски повика граѓаните да изберат чесност и посветена работа и да го заокружат бројот 9.

    „Да излеземе масовно и сплотено на 19 октомври и да гласаме за бројот 9, за градоначалник и советничка листа предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за да продолжиме со работа, проекти и развој на Општина Илинден. Да избереме чесност, одговорност и посветена работа! Да направиме вистински избор, избор за Илинден  за нашето место и за нашата иднина“, дециден е Георгиевски.

    Прочитај повеќе

    Божиновска во Белград на Вториот министерски самит: Фокус на Вертикалниот гасен коридор и енергетската сигурност

    06.10.2026 во 18:52

    СДСМ: Груби излегува, што ќе каже сега арамијата-пак СДСМ се криви?

    06.10.2026 во 17:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.