Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Започна асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“, се гледа крајот на 30-годишната сообраќајна голгота
    • Конески: Владата ги става младите во центарот на политиките, преку пракси ги поврзуваме студентите со локалните самоуправи
    • Акција во Гази Баба: Започна обележувањето и освежувањето на пешачките премини за поголема безбедност во сообраќајот
    • Филипче го претстави Мастер планот на СДСМ: Најави закон за ветинг за сите функционери
    • Обвинителството со детали: Обезбедени наредби за претрес кај виш јавен обвинител од Битола поради сомневања за корупција
    • МВР се огласи: Се врши претрес во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола
    • Филипче за Барутана: На Водно нема една цигла да се изгради додека сум јас претседател на СДСМ
    • Ескалација на протестите низ Франција: Полицијата употреби солзавец, блокирани половина од средните училишта
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Одбраната на Васев бара укинување на притворот и определување куќен притвор со гаранција

    Одбраната на Васев бара укинување на притворот и определување куќен притвор со гаранција

    09.10.2025 во 15:233 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Одбраната на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев бара укинување на притворот и определување на некоја друга поефикасна мерка, како куќен притвор со гаранција на куќата во која живее и одзмање на патната исправа, со цел, како што велат, да му се овозможи да се брани соодветно и да можат да работат на дневна основа во двата предмети кои се водат против нивниот клиент. 

    Бранителот на Васев, адвокат Боби Спирковски, по денешното рочиште во изјава за медиумите, посочи дека нивните барања постојано се одбиваат и се определуваат нови 30 дена притвор со што му се загрозува правото на ефикасна одбрана.  

    -Денеска поднесов предлог за укинување на мерката притвор. Имаме огромен проблем како одбрана, се работи за два предмети кои се фантастично обемни, има огромен број на докази и ние не можеме едноставно да функционираме. Ова е специјализиран медицински предмет, а другиот економскиот е повторно врзан со неговото знаење и искуство како директор. Ние не можеме да функционираме нормално. Вака од притвор, вакви два предмети со ваква динамика, му се загрозува правото на одбрана на човекот, изјави Сприковски.

    Спирковски, нагласи дека предметите се многу обемни и сега работаат и по три саати во затвор. 

    -За нас е клучно да му се овозможи на доктор Нино Васев да се брани како што доликува, да можеме да работиме како што доликува. Предметите се огромни и бараат негово присуство. Не можеме без него и да работиме. Затоа, апелирам на Судот да ни обезбедат услови за работа, за одбрана. Вака не можеме да се браниме, изјави Спирковски. 

    Судот во мај годинава на Васев и организацискиот директор на Клиниката Нехат Нухи им определи мерка „куќен притвор“, но по жалбите Апелација на 20 јуни годинава го укина и замени со мерка ефективен притвор. 

    Судењето за „Онкологија 2“, кое се води против поранешниот медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовено работење и финансиски криминал, денеска во Основниот кривичен суд продолжи со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството. 

    Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Славица Наумовска Јосифовска, а застапник на обвинението е Ана Гоговска Јакимовска. 

    Обвинетите Васев и Нухи на почетокот негираа вина за делата кои им се ставаат на товар. Одбраната, тврди дека обвинението против нив е неосновано и политички монтирано врз основа на економско вештачење од лица кои се исто инкриминирани, наведувајќи дека станува збор за претходниот медицински и економски директор на Клиниката кои биле сменети од Васев. 

    Кривичниот суд во јуни, годинава го одобри обвинението против поранешните директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи, за злоупотреби, измама и проневера во службата од 2018 до 2022 година. Против Васев се води уште еден предмет,  каде тој заедно со уште двајца други онколози е обвинет за нестручно и несовесно лекување на пациенти.

    Прочитај повеќе

    (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Започна асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“, се гледа крајот на 30-годишната сообраќајна голгота

    06.10.2026 во 21:36

    Конески: Владата ги става младите во центарот на политиките, преку пракси ги поврзуваме студентите со локалните самоуправи

    06.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.