Close Menu
Press24
    Најново

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52

    Лоши прогнози: Скап дизел ќе возиме цела наредна година

    07.10.2026 во 10:13

    Измени во „Сејф Сити“ – камерите ќе гледаат нов прекршок

    07.10.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Слушни, препознај, поддржи“ во Кисела Вода: Трибина за проблемите со кои се соочуваат децата
    • Македонија и соседите за Коридорот 8 – Фокус на поврзувањето и инфраструктурата
    • Муцунски и Петрова на иста маса: Средба за односите меѓу Македонија и Бугарија
    • „Експо 2027 Белград“ во Скопје: Можности за македонските компании, институции и организации
    • „Појадок со ХЕМА-ОНКО“: Отворен разговор за предизвиците на онколошките пациенти
    • Собранието ќе расправа за администрацијата, шумите и платите
    • Прекинот ќе трае до 19 часот – Ќе нема струја со часови во делови на Скопје
    • Од минус до скоро 30 степени: По сонцето УХМР најавува промена со времето
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски: Воведуваме „Центарска картичка“ со попусти за пазарење во локални продавници

    Герасимовски: Воведуваме „Центарска картичка“ со попусти за пазарење во локални продавници

    09.10.2025 во 11:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кандидатот за градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, во најновото издание на „Утринско еспресо“ на Радио Лидер најави дека се воведува „Центарска картичка“ за жителите на Центар, со која ќе добиваат попусти за културни и спортски настани, пазарење во локални продавници и посета на одредени локали и културни институции.

    Тој, рече дека во план е изградба и на нова градинка во близина на Клиничкиот Центар.

    „Станува збор за модерна и урбана градинка, која по изглед и функционалност ќе наликува на „Пролет“. Инвестициите во најмладите остануваат приоритет. Планираме и еден поголем капитален проект за повозрасните жители , а тоа е изградба на дом за стари лица во општината, нешто што со години се бара, а го нема во градот. Секојдневно слушаме колку се високи трошоците за сместување во приватни домови, а и тоа што го читаме покажува дека голем дел од нашите постари сограѓани не се задоволни од условите и третманот“, изјави Герасимовски.

    Во интервјуто, Герасимовски истакна дека за најмладите се воведува нова мерка – бесплатен здрав оброк за учениците од прво до четврто одделение, а за учениците од петто до деветто одделение се планираат бесплатни екскурзии низ Македонија, за да ја запознаат убавината на нашата земја.

    „Овие проекти се дел од нашата програма што ја пишуваме веќе четири години, заедно со граѓаните. Се работи за голем број капитални инвестиции, меѓу кои и зголемувањето на капацитетите за паркирање, што е еден од најприоритетните и најчесто спомнувани проблеми во сите анкети и истражувања. Планираме наскоро да започнеме со решавање и на тој предизвик“, додаде Герасимовски.

    Прочитај повеќе

    „Слушни, препознај, поддржи“ во Кисела Вода: Трибина за проблемите со кои се соочуваат децата

    08.10.2026 во 08:02

    „Експо 2027 Белград“ во Скопје: Можности за македонските компании, институции и организации

    08.10.2026 во 07:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.