Close Menu
Press24
    Најново

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52

    Измени во „Сејф Сити“ – камерите ќе гледаат нов прекршок

    07.10.2026 во 10:08

    Лоши прогнози: Скап дизел ќе возиме цела наредна година

    07.10.2026 во 10:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Сум се мачел 89 години со овие десет прсти“ – Сведочеше таткото на судијата Ристов
    • Семејна драма во Македонија: Ги истепал сопругата, синот и братот
    • Муцунски од Софија: Ќе ја забрзаме реализацијата на Коридорот 8 со Бугарија и Албанија
    • ВИДЕО+ФОТО: Нови мотоцикли за полицијата од РСБСП – Вложувања до побезбедни патишта и спасени човечки животи
    • ВРЕДИ за Груби: Стотици илјади евра се ставаат на маса, додека младите заминуваат
    • ДУИ реагира на одлуката на Уставен суд: Прашањето за албанскиот јазик не завршува тука
    • Сонце по утринскиот студ – УХМР ги измери температурите во 11 часот
    • ФОТО: Почина обвинител од Струга
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Последен убав викенд оваа година – какво време не чека до крајот на октомври

    Последен убав викенд оваа година – какво време не чека до крајот на октомври

    09.10.2025 во 09:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија ја очекува стабилно и топло време до средината на следната недела, по што метеоролозите најавуваат заладување и периоди со дожд.

    Денеска времето е умерено облачно и потопло, со максимална температура околу 21 степени, додека во наредните неколку дена ќе преовладува сончево и пријатно време.

    Во петок и за време на викендот ќе биде претежно сончево, со температури од 19 до 21 степен, а минималните утрински ќе се движат меѓу 4 и 9 степени.

    Во понеделник времето ќе остане стабилно и ведро, но од вторник се очекува зголемена облачност и благ пад на температурите.

    Промена на времето ќе настапи од четврток, кога ќе има локални врнежи од дожд и осетен пад на дневните температури. Кон крајот на неделата се прогнозираат периоди со дожд и максимални температури меѓу 13 и 16 степени.

    Дождливи периоди се предвидуваат и за петок и сабота (17 и 18 октомври), кога максималните температури ќе се движат меѓу 13 и 16 степени, што означува и почеток на постуден есенски период.

    Од 19 до 22 октомври повторно ќе има пократки сончеви интервали, но со пониски температури – од 17 до 19 степени, а потоа до крајот на месецот се најавува стабилно, претежно сончево време со температури околу 18 степени преку ден.

    Прочитај повеќе

    „Сум се мачел 89 години со овие десет прсти“ – Сведочеше таткото на судијата Ристов

    08.10.2026 во 11:51

    Семејна драма во Македонија: Ги истепал сопругата, синот и братот

    08.10.2026 во 11:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.