Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    УХМР објави метео аларм: Пекол низ цела Македонија

    25.08.2026 во 11:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФОТО: Првиот сопруг ја тепал, животот и пружил втора шанса – Ова е вториот сопруг со кого Ведрана Рудан најде мир
    • Страшно злосторство во САД: Осумчлено семејство убиено за време на вечера
    • ДУИ: Јавен тендер во „Бардовци“ завршил кај роднина на директорот
    • Вештачка интелигенција за попрецизни економски прогнози: Народната банка со свои истражувања во Базел
    • Разрешениот украински министер за одбрана предупредува: Полека ја губиме војната
    • Хармонија во односите и нови можности: Што предвидува хороскопот за денеска?
    • Ново рочиште за „Онкологија“ – Тројца лекари пред Кривичен
    • Улични кучиња сеат страв во Кисела Вода – Чопор се пуштал по минувачи, во близина школо и градинки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче до Мицкоски: Или сфати дека си избран да ја водиш државата или да си одиш

    Филипче до Мицкоски: Или сфати дека си избран да ја водиш државата или да си одиш

    08.10.2025 во 13:251 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавите на премиерот Мицкоски, порача дека премиерот треба да престане со спинови и да почне да се соочува со реалните проблеми во државата.

    „Премиерот треба да престане да спинува. Има сериозни економски проблеми и прашања на кои треба да одговори. Кога човек нема што да каже, кога нема со што да се пофали – ниту проект, ниту добра прогноза за земјата – тогаш забегува кон вакви некакви лаги,“ изјави Филипче.

    Тој додаде дека владата се соочува со сериозна економска стагнација и дека тоа го потврдуваат и меѓународните институции.

    „Нема раст, има пад на просечната плата, скок на цените на основните производи, затворање компании и луѓе кои секојдневно остануваат без работа. Наместо да се занимава со овие проблеми, премиерот измислува афери и скандали,“ рече Филипче.

    Лидерот на СДСМ оцени дека државата оди кон економски колапс и дека е време владата да преземе одговорност.

    „Време е оваа влада да сфати дека или треба да ја води државата како што треба – или да си оди. Граѓаните не заслужуваат незаинтересирана власт без резултати и без работа,“ порача Филипче.

    Прочитај повеќе

    ДУИ: Јавен тендер во „Бардовци“ завршил кај роднина на директорот

    26.08.2026 во 10:21

    Левица: Студентскиот оброк со години стои на 140 денари

    26.08.2026 во 09:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.