Започна нова страница во извршувањето на санкциите, откако за првпат беше спроведена пресуда за куќен затвор со употреба на опрема за електронски надзор.
Овластени службеници од Секторот за пробација во Чашка, Велешко, на осудено лице му поставија алка на глуждот, со која ќе се следи неговото движење
Според условите на пресудата, осуденикот нема да смее да го напушта својот дом во наредните три месеци. Единствен исклучок е правото на престој на свеж воздух, кое е ограничено на најмногу два часа дневно. Од надлежните служби појаснуваат дека системот функционира преку постојан мониторинг.
„Во случај на непочитување на упатствата за користење на опремата за електронски надзор и ограничувањата дадени од судот, пробациските службеници ќе го известат судот, согласно одредбите од Законот за пробација“, се вели во соопштението.
Примената на оваа алтернативна мерка се смета за поекономична за државата во споредба со затворското издржување на казната. Во конкретниот случај, имајќи ја предвид возраста на сторителот, таа воедно претставува и похуман начин на извршување на санкцијата.
- МВР се огласи: Се врши претрес во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола
- Филипче за Барутана: На Водно нема една цигла да се изгради додека сум јас претседател на СДСМ
- Ескалација на протестите низ Франција: Полицијата употреби солзавец, блокирани половина од средните училишта
- Меси добива титула „Почесен доктор“ од Универзитетот во Буенос Аирес
- Пет тинејџери под истрага за групно силување на 17-годишно девојче во напуштена зграда – Хорор во Романија
- Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител
- Детали за злосторството ја шокираат јавноста: Го убила 2-годишниот син, па изговорила морничави зборови
- Уапсен 27-годишник во Белград: Истурил запалива течност и предизвикал пожар во угостителски објект

