Close Menu
Press24
    Најново

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Починал на лице место – Тешка сообраќајна несреќа во Македонија

    24.08.2026 во 10:13

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Канада воведува нови царини за американските производи
    • Не е само наталитетот: илјадници деца родени во Македонија не стигнуваат до македонските училишта
    • Италијанец ќе оди во затвор: изградил антички театар од стиропор и ги лажел туристите дека е 2000 години стар
    • Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
    • Македонија со најевтино гориво – Албанија со најскапо
    • Дата-центри во Македонија: Дигитална шанса или нов товар за струјата и водата?
    • Стигнуваат големи пари и среќа: Овој хороскопски знак до крајот на летото го очекува големо богатство
    • Приборот за на училиште не е многу поскап од лани но со под 50 евра не се трга на 1 септември
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Проданоски: Ќе субвенционираме изградба на нови домови за млади

    Проданоски: Ќе субвенционираме изградба на нови домови за млади

    08.10.2025 во 09:253 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник за општина Прилеп од редовите на ВМРО- ДПМНЕ, синоќа гостуваше во дебатната емисија „Локални избори 2025 – изборни соочувања“ на МРТ1,при што прво посочи дека Прилеп има простор за развој, дека неговата програма го претставува гласот на прилепските граѓани, а тој лично е подготвен да работи заедно со сите општествени чинители во насока на реализација на неговата визија за модерен, зелен и економски силен град Прилеп.

    Проданоски се надоврза и потенцираше дека ја бара поддршката од прилепчани за да биде градоначалник за сите граѓани на општина Прилеп, во насока на решавање на нивните проблеми. Воедно ги изнесе проблемите на неговите сограѓани, но и системските решенија понудени во неговата програма, со фокус на мерките за подобрување на условите за останување на младите во Прилеп.

    „Прво за да обезбедите пристоен живот на граѓаните  во Прилеп, треба да им обезбедите место за живеење, нудиме ревитализација на проектот Градина, во којшто како општина Прилеп би субвенционирале проекти коишто младите луѓе би можеле да ги користат, паралелно би одело со проектот на Владата за субвенционирање за изградба на нови домови. Во образовниот систем продолжување на она што значи тековно одржување на сите училишта, тековно да ги модернизираме, ветуваме конечно заокружување со проблемот на згрижување на деца во предучилишна возраст изградба на уште една градинка со помош на Министерството за социјална политика, демографија и млади“, вели Проданоски.

    Проданоски во продолжение посочи дека во топ 10 проекти во неговата програма е и проектот Сејф Сити и Смарт Сити и објасни како е замислено истите да функционираат и која е нивната суштина.

    „Со програмата Сејф Сити, вклучување на видео надзор на сите крстосници, на сите влезови и излези од градот, во првата фаза некаде околу 300 камери би биле вклучени. Да се направи контролна соба во општина Прилеп, 24 часовен надзор и согласно на тоа да има поврзаност помеѓу институциите кои се најповикани кога би имало некој инцидент. Воведување на унифициран петоцифрен број којшто би бил единствен за општина Прилеп. А видео надзорот ќе гарантира дека граѓаните би внимавале за одлагање на отпадот и на тој начин да преминеме кон еден побезбеден и попаметен град. А она што значи Смарт Сити, да се постават сензори за намалување на светлината на јавното улично осветлување за да се штеди енергија, унапредување на уличното осветлување и врзување во тој контролен центар“, рече Проданоски.

    На крај, Проданоски порача дека поддршката ја бара од сите граѓани бидејќи има сила,тим и програма која ги претставува реалните потреби на прилепчани склопени со финансиската кондиција на општина Прилеп, а во насока на четиригодишен развој и раст на општина преку концептот на заедништво.

    Прочитај повеќе

    Прва конститутивна седница на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ – нова програма и избор на претседателки на УЖ на Општинските комитети 

    25.08.2026 во 21:30

    Влен: Историски чекор за здравството во Тетово – 145 вработувања во клиничката болница

    25.08.2026 во 20:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.