Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од денешниот народен митинг во Маврово-Ростуше, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година, со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина! Мицкоски зборуваше за политичките опоненти за локалните избори кои се ближат и истакна дека коалицијата СДСМ, ДУИ, Левица ги врзува желбата за власт и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ тврдат дека се борат за нивниот дом, според нивниот слоган за изборната кампања, но не се знае за кој точно дом зборуваат дали оној на Халкидики ли оној во Дубаи, додека ДУИ зборува за теми од пред неколку децении, наместо за иднината.
,,На овие избори имаме две опции. Секој кој што мисли дека има трета опција се лаже. Нема трета опција. Едната опција се една коалиција. која што во некои од општините делува формално, односно јасно е профилирана, во некои од општините е полуилегална или би рекол неформална. А, во некои од општините делува повеќе стихидно. Но, во суштина, се заедно и нив ги поврзаа две работи на овие локални избори“, рече Мицкоски.
Според Мицкоски, опозициските СДСМ, ДУИ и Левица, на овие избори ги врзува желбата за власт и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ.
,,Нив ги поврза најпрво желбата за власт, силна желба за власт и втората работа е голема омраза кон ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се двете работи коишто коалицијата СДСМ, ДУИ и Левица ги собра заедно да ни бидат противници на овие политички локални избори“, истакна Мицкоски.
Мицкоски истакна дека политичката партија СДСМ, имаше можност 7 години да се бори за нивниот дом, како што вели и нивниот слоган за изборната кампања за локалните избори годинава, но освен жестоки грабежи и предавства ништо друго не испорачаа додека беа власт, а и запраша за кој дом за борат, затоа што очигледно беше дека пред неколку месеци уживаа на Халкидики во раскош.
,,Оваа коалиција, ако се вратиме назад имаше можности. Еден субјект во оваа коалиција тоа е да настапува со слоганот “Да се бореле за домот“. Тие имаа 7 години можности да се борат за својот дом, наречен нашата татковина Македонија. Освен жесток грабеж, предавство и понижување на македонскиот народ, на граѓаните во Македонија, на Македонија како држава буквално ништо друго, ниту испорачаа, ниту направија“, кажа Мицкоски и додаде:
,,Затоа сега се прашуваме, на кој дом мислат, дали мислат можеби на онаа вила на егејското крајбрежје, на Халкидики, дали мислат на хациендата во Дубаи, или пак мислат на оние скапи глисери коишто ги видовме летоска како уживаат, во еден раскошен елемент. Граѓаните се збунети. И не знаат сега конкретно за кој дом зборуваат. Секоја нивна порака е порака исполнета со лага, порака исполнета со невистина, порака исполнета со црна кампања, ад хоминем напади, ниски страсти. Така впрочем тие ја водат целата кампања“.
Лидерот на ДУИ имаше повеќе од две децении можност да направи било што за граѓаните, и според Мицкоски, тој не успеа да испорача ништо освен да придонесе за иселување на граѓаните од земјата.
,,Тој имаше повеќе од две децении можност да направи, за граѓаните, но и еве и за народот албанскиот народ којшто го гласа најчесто него и неговата политичка партија. А што направи за возврат. Пред очи гледаше како се празнат селата, тоа е веќе стара вест, сега се празнат градовите. Повеќе од 100-тина илјади негови граѓани се иселија. Залудни се хациендите во Зајас, залудни се замоците во Зајас. Затоа што соседите ги нема“, заклучи Мицкоски.