90 дена пауза на царините, освен за Кина
Во објава на профилот Truth Social, претседателот на САД, Доналд Трамп објави 90-дневна пауза на царините.
„Врз основа на недостатокот на почит што Кина го покажа кон глобалните пазари, со ова ја зголемувам тарифата што САД ја наплаќаат од Кина на 125%, веднаш што ќе стапи на сила. Се надевам дека Кина, во одреден момент, ќе сфати дека деновите на експлоатација на Соединетите Американски Држави и другите земји се завршени и дека тоа повеќе не е одржливо или прифатливо. Фактот дека повеќе од 75 држави се јавија на претставници на Соединетите Американски Држави, вклучително и Министерствата за трговија, финансии и Канцеларијата на трговскиот претставник на САД (USTR), за да преговараат за решение за темите што се дискутираат во однос на трговијата, трговските бариери, царините, манипулацијата со валути и нецаринските бариери, и дека овие држави, на моја силна сугестија, не презедоа никакви одмазднички мерки против САД, јас овластив 90-дневна ПАУЗА и значително намалена реципрочна царина во овој период, од 10%, која настапува веднаш. Ви благодарам за вниманието во врска со ова прашање,“ вели Трамп.
Инаку Кина воведе тарифи од 84% за сите производи од САД, како одговор на американските царини од вкупно 104%. Американските царини се на сила од денеска изутрината, а кинеските ќе важат од утре.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа