Close Menu
Press24
    Најново

    Нови експлозии во Техеран: Цел е меѓународниот аеродром „Мехераб“

    07.03.2026 во 10:23

    Тензии во Ормускиот теснец: Иран демантира целосна блокада, но преминот е забранет за САД и Израел

    07.03.2026 во 10:21

    Искористете го сонцето: Денеска температури до 18 степени – од утре локален дожд

    07.03.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нови експлозии во Техеран: Цел е меѓународниот аеродром „Мехераб“
    • Тензии во Ормускиот теснец: Иран демантира целосна блокада, но преминот е забранет за САД и Израел
    • Искористете го сонцето: Денеска температури до 18 степени – од утре локален дожд
    • Денеска се слави Свети Евстатиј, архиепископ Антиохиски
    • Тошковски: Борбата против криминалот и корупцијата се води без селективност
    • 2 хороскопски знаци кои до пролет ќе се збогатат
    • Сите ги сакаат: Трите најпопуларни хороскопски знаци
    • Што ја прави секоја жена посебна и незаменлива според хороскопскиот знак
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стаменкоска Трајкоска: Ветуваме многу реални проекти кои се од корист за граѓаните

    Стаменкоска Трајкоска: Ветуваме многу реални проекти кои се од корист за граѓаните

    30.09.2025 во 09:45Updated:30.09.2025 во 09:593 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Кандидатката за градоначалник на општина Кисела Вода, од редовите на ВМРО- ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска, синоќа гостуваше во дебатната емисија 24 анализа, на телевизија 24 пришто истата ги изнесе причините и мотивацијата за нејзината кандидатура за прв човек на општина Кисела Вода и чиј слоган е „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“.

    „Мотивот е желбата за продолжување на развојот на општина Кисела Вода и континуитет на она што изминатите 4 години со макотрпна работа се успеа да се постигне во Кисела Вода. Целта е таа да продолжиме да градиме една општина која ќе биде, која ќе ги спојува сите генерации и ќе создава услови за сите генерации и услови за квалитетно живеење“, истакна Стаменкоска Трајкоска.

    Во текот на дебатата кандидатката за градоначалник за општина Кисела Вода од редовите на ВМРО- ДПМНЕ, Стаменкоска Трајкоска ги посочи и главните проблеми на граѓаните во општината како комуналната хигиена, јавниот сообраќаен превоз, изградбата на Булеварот Борис Трајковски како и проблемите со кучињата скитници и притоа напомена дека:

    „Тоа се проблеми кои навистина имаат интересна нишка, а то значи надлежности, надлежности кои за жал во Град Скопје поврзано со општината Кисела Вода не се менаџираат како што треба. Но со едно добро менаџирање на институциите поврзано на релација Градот Скопје, општина Кисела Вода овие проблеми за многу брзо време можат да бидат надминати“, дополни таа.

    Стаменкоска Трајкоска ги сподели и решенијата кои таа и ВМРО-ДПМНЕ ги предлагаат во програмата за градоначалничката кандидатура за општина Кисела Вода и кажа дека ветува многубројни, но реални проекти за надминување на проблемите во општината.

    „ Она што сакам и ќе се стремам да го направам, е системско организирање на јавната чистота. Да се надминат проблемите околку квалитетот на живеење на граѓаните и  она што ќе продолжиме да го правиме како континуитет во соработка со останатите, а што е наша надлежност е започнување на многу проекти што ќе значат бенефит за граѓаните, а тоа е ќе спомнам за канализацијата Бабин Дол која е од многу големо значење за граѓаните на Припор. Понатаму,  реконструкција на објектите на месните заедници во Драчево и Пинтија. Доградба на спортска сала во основното училиште „ Кузман Шапкарев“ , доградба на основното училиште „Невена Илиевска-  Дуња“ и многу такви проекти кои ќе значат подобро образование и подобри услови за учениците и нас, кадар во училиштата,” рече Стаменкоска Трајкоска и додаде:

    „Понатаму, ќе се продолжи со изградба на атмосферски канализации, изградба на целата подземна и надземна инфраструктура, зошто почитувани изминатите години во еден период кога СДС беше на власт навистина ништо не се работеше кога станува збор за општина Кисела Вода. Сега имаме дел реконструирани улици, но процесот не треба да запира напротив процесот треба да продолжува. Затоа секогаш го велам тоа дека во Кисела Вода треба да имаме континуитет, треба да имаме продолжување на работите кои се правеа изминатиот период, зошто граѓаните тоа го заслужуваат и посакуваат секако “.

    Популарно

    Трамп: Иран не мора да биде демократија, важно е да биде сојузник

    06.03.2026 во 22:09

    „Вашингтон пост“: Москва му предава координати на американската морнарица на Техеран

    06.03.2026 во 21:22

    Цените на нафтата во нагло качување: Блискиот Исток го блокира клучниот „енергетски крвоток“

    06.03.2026 во 21:56

    Средба на директорот на Царина, Николовски, со генералниот директор на СЕЛЕК: Борбата со транснационалниот организиран криминал во фокус на соработката

    06.03.2026 во 14:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.