Полициски службеници синоќа во 18:40 часот ја лишиле од слобода 73-годишната В.А. од Неготино, која се сомничи дека предизвикала пожар во сопствената куќа, информира СВР Велес.

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица – Неготино.

Повредени лица нема во инцидентот.

В.А. била задржана во полициска станица, известен е јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Неготино.

Од СВР Велес најавија дека по документирање на настанот, против В.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Exit mobile version