СВР Тетово поднесе кривична пријава против 69-годишен жител на тетовското село Желино, кој е осомничен дека со пиштол му се заканувал на друго лице по претходна расправија.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, станува збор за Р.С. (69), против кого е поднесена пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
„На 29.08.2026 година во с. Желино, по претходна расправија, пријавениот со пиштол упатил закани на М.Д.“, информираат од МВР.
Надлежните институции го документираат случајот, а против пријавениот ќе се води постапка согласно законските прописи.


