Родителите на починатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, поддржани од бројни граѓани, денеска по 49. пат маршираа низ улиците во Кочани за своите загинати деца.
Со транспаренти во форма на срце на кои беа испишани имињата на сите жртви од кобната ноќ на 16 март минатата година, револтираните граѓани се собраа и запалија свеќи на кружниот тек на булеварот „Стево Теодосиевски“, одбележувајќи точно година и половина од трагедијата која го зави Кочани во црно.
Обраќање пред Судот: Остро противење на можниот пуст на слобода на сопственикот
За разлика од претходните собири, овој пат родителите имаа само едно, но моќно обраќање кое се одржа пред зградата на Судот и траеше повеќе од десетина минути.
Најсилна реакција и револт кај присутните предизвика фактот што на сопственикот на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов, наскоро му истекува едногодишниот притвор од подигнувањето на обвинителниот акт, како и информациите дека бил понуден имот како гаранција за негово излегување на слобода. Родителите порачаа дека нема да се откажат од барањето за целосна правда и одговорност за загубените млади животи.

