47-годишен маж е тешко повреден - имал сообраќајна несреќа со мопед
На 20.09.2023 во 13.05 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Генерал Васко Карангелевски“ и излез од паркинг на „Нов пазар“ во Битола, Ѓ.Г.(47)од Битола, управувајќи мопед со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. извести полицијата.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Битола.
21.09.2023 - 16:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа