Close Menu
Press24
    Најново

    (ВИДЕО) Голем хаос во Дубаи: Иранците го погодија американскиот козулат

    03.03.2026 во 21:33

    Пошумување на опожарена површина на Голак

    03.03.2026 во 21:32

    Катар предупредува: Нападот на Иран ги помина сите „црвени линии“, одговорот е неизбежен

    03.03.2026 во 21:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ВИДЕО) Голем хаос во Дубаи: Иранците го погодија американскиот козулат
    • Пошумување на опожарена површина на Голак
    • Катар предупредува: Нападот на Иран ги помина сите „црвени линии“, одговорот е неизбежен
    • До сите Македонци во ОАЕ: МНР организира чартер летови за евакуација
    • Притвор за сопругот на Ивана: Се сомничи за наведување на самоубиство и други кривични дела
    • Тешка сообраќајка попладнево: Загина возач – со бмв излетал од патот
    • ВИДЕО: Сè повеќе семејно насилство во Македонија
    • Трамп уверува: Цените на нафтата ќе паднат под рекордното ниво по војната во Иран
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » 40.000 студенти веднаш добија ваучери за електронски уреди: Андоновски го најави брзото надминување на дигиталниот јаз

    40.000 студенти веднаш добија ваучери за електронски уреди: Андоновски го најави брзото надминување на дигиталниот јаз

    25.11.2025 во 09:363 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во своето гостување во емисијата „За или против’’ на Алфа телевизија, говореше за актуелниот проект кој министерството за дигитална трансформација го предводи во соработка со други институции, каде нагласи дека околу 40.000 студенти го добиле својот вредносен ваучер во износ од 15.300 денари уште во првата недела од повикот, и потсети дека предвидени се 55.000 ваучери за електронски уреди за студенти, запишани на додипломски студии во учебната 2025/26 година.

    Андоновски истакна дека ова е еден од најважните проекти коишто како ресорно министерство во соработка со Генералниот секретаријат на владата и МОН го имаат реализирано, и кој има за цел да се надмине дигиталниот јаз во општеството, а со тоа и да се овозможи на секој студент да има пристап до електронски уред.

    „Ова е еден од најважните проекти којшто се однесува на надминување на дигиталниот јаз, често се зборува за тоа колку општеството напредува во дигитализација, а другиот дел заостанува. Затоа што некои лица немаат пристап до електронски уреди. И оваа идеја на претседателот Мицкоски ја реализиравме Владата, ГС на Владата со порталот uslugi.gov.mk,којшто го менаџираме ние како министерство и е доста успешен. Целта е да постигнеме 55.000 студенти на додипломски студии да добијат ваучери за електронски уреди’’, појасни министерот Андоновски.

    Во однос на тоа како се одвива процесот, министерот истакна дека оваа мерка е една од најпопуларните мерки досега направени во делот на дигитализација.

    „Според податоците, нешто помалку од 40.000 апликации се веќе успешни, 40.000 студенти го добиле својот ваучер, и можат да го искористат во продавниците. Навистина е еден предизвикувачки процес, можам да кажам дека во првиот ден имавме околу 15.000 апликации само тој ден, што споредбено со 2023 година го надминува бројот на годишни апликации на порталот, значи порталот во даден момент немал толку голем број на апликации, што го покажува интересот на граѓаните и студентите да аплицираат, вербата во институциите дека ќе добијат ваучер’’, нагласи Андоновски.

    Рокот за аплицирање за ваучери од страна на студентите како што кажа министерот е до 20.12.2025 година, но со оваа динамика Андоновски смета дека ваучерите ќе се подигнат до првата недела од декември. Тој исто така напомена дека искористувањето на ваучерите ќе биде со рок до 31.12.2025 година.

    „Оваа мерка е многу успешна мерка, а овој пристап е оној вистинскиот. Да им понудите на луѓето можност да си обезбедат за себе, за своето семејство, електронски уред за учење или работа, а потоа да овозможите и бизнисот да се развива затоа што тие ваучери може да се користат насекаде низ државата кај секој економски оператор кој аплицираше претходно, а тоа се 15 практично најпознати провајдери, така што има можност и за раздвижување на економијата. Не спроведовме ние набавка, не го корумпиравме системот да ние избираме каков вид на електронски уред да користат, туку тоа го оставивме да биде во корист на студентите’’, заклучи Андоновски.

    Популарно

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Масовна тепачка пред угостителски објект во Карпош: Приведени седум лица

    01.03.2026 во 13:35

    Списокот е мал: Еве во кои земји е најбезбедно да се живее во случај на трета светска војна

    03.03.2026 во 10:10

    Хаос во касарната во Петровец: Припадник на Армијата фатен со марихуана во ранецот

    03.03.2026 во 14:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.