25.700 граѓани излегле на гласање до 9 часот
Првиот човек на Државната изборна комисија, Александар Даштевски ифнормираше дека до 9 часот изутрината правото на глас го искористиле 25.744 гласачи.
Излезноста до овој пресек изнесува 3,85%.
Даштевски рече и дека до сега до нив стигнале 12 приговори за заштита на личното избирачко право, односно од лица кои не можеле да се пронајдат во избирачкиот список.
-Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право кои се на обработка, вели Даштевски.
Наредната прес – конференција ќе биде во 13.30 часот кога ќе информираат за текот на гласањето и излезноста.
24.04.2024 - 10:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа