Close Menu
Press24
    Најново

    Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“

    28.10.2026 во 18:11

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел

    28.10.2026 во 17:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Охридскиот договор 25 години подоцна: Денеска разговори, утре одбележување на Камениот мост

    Охридскиот договор 25 години подоцна: Денеска разговори, утре одбележување на Камениот мост

    12.08.2026 во 08:21Updated:12.08.2026 во 08:591 Min Read
    Министерство за односи меѓу заедниците
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Одбележувањето на 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор започнува денеска со серија панел-дискусии, а главниот настан е предвиден за утре на Камениот мост во Скопје.

    Под покровителство на Министерството за односи меѓу заедниците и министерот Агон Ферати, денеска во Клубот на пратеници ќе се одржат три панел-дискусии посветени на досегашната примена на Договорот, меѓуетничките односи и неговата улога во идниот развој на земјата.

    Првата дискусија ќе биде посветена на Охридскиот рамковен договор и патот кон европската интеграција. Ќе се разговара за неговото спроведување, наследството, соживотот и инклузијата на заедниците, како и за современите предизвици и европската перспектива на Македонија.

    На вториот панел, под наслов „Иднината на Охридскиот договор и градењето одржлив мир“, ќе се разгледува неговото значење за стабилноста, меѓуетничкиот соживот и демократскиот развој, со посебен акцент на идните предизвици и улогата на институциите.

    Третата панел-дискусија ќе се фокусира на децентрализацијата и локалниот развој како основа за јакнење на демократијата и социјалната кохезија. Ќе се разговара и за поголемото учество на граѓаните, функционалноста на локалните институции и еднаквите можности за развој.

    Главниот настан по повод 25-годишнината ќе се одржи утре од 19:30 часот на Камениот мост во Скопје.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел

    28.10.2026 во 17:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.