Познатата манекенка Волиз Фуентес Акино е пронајдена мртва неколку дена откако нејзиното семејство го изгубило контактот со неа.

Истрагата за нејзината ненадејна смрт е сè уште во тек.

Поранешна учесничка на Мис Универзум е пронајдена мртва на 24-годишна возраст, објавува Дејли Меил.

Младата манекенка и студентка е пронајдена мртва во нејзиниот стан во главниот град на Хондурас, Тегусигалпа, а околностите на нејзината смрт се уште се нејасни.

Според достапните информации, Волиз е пронајдена од членови на семејството на 20 јули откако не била видена неколку дена. Полицијата и обвинителството започнаа истрага, а причината за смртта сè уште не е позната.

Истражителите не исклучуваат ниедна можност, вклучително и природни причини, но и можно убиство.

Exit mobile version