СВР Охрид поднесе кривична пријава против 16-годишно лице од Битола, со привремен престој во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

При претрес во дом на друго лице во Охрид, полициски службеници го затекнале малолетникот при користење марихуана.

Во присуство на родител, со него е извршен службен разговор во СВР Охрид.

Exit mobile version