10 совети за девојки над 35 години
Еве 10 совети за девојки по 35 години, донесени од uspesnazena.com:
1. Колку и да беше добра и фантастична забавата, направете се што е потребно за да се разбудите во вашата спална соба.
2. Помеѓу парче торта и бисквит, секогаш избирајте - чаша вода.
3. Ако е полноќ на часовникот, а морате да ја измиете косата, да ги депилирате нозете и да направите маникир - секогаш изберете сон. Затоа што можете да ги скриете бушавите нозе, да ставите капа или шал на главата, да ги бојадисате ноктите со безбоен лак, седејќи во автобус. Но, никој и ништо нема да го маскира уморното лице и лошото расположение. Секогаш избирајте го сонот.
4. Патувајте! Искористете ја секоја можност за тоа. Новото знаење е добар начин за стекнување искуство, а нема да остарите во исто време.
5. Пред да започнете да ја оценувате ситуацијата, секогаш запрашајте се: „Дали е ова моја работа?“ После тоа, затворете ја устата и тргнете по својот пат.
6. Трошењето време и емоции на погрешен маж има смисла само ако сте вие докторот, а тој е пациентот кој ве плаќа.
7. Помеѓу бурна, луда и страсна врска и можноста за заработка, секогаш правете избор во корист на другиот.
8. Во спор не се раѓа вистина, туку мигрена. Речено во вистинско време: „Да, што и да кажете...“ ќе заштеди пари и нерви.
9. Неколку дена во самотија работат подобро од скапа бања.
10. Ниту еден маж не е вреден поради него да се страда во неудобни чевли.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа