Close Menu
    Најново

    Мицкоски: Да не дозволиме СДСМ да биде влада во Македонија

    03.10.2025 во 20:38

    Филипче: Ние ги штитевме граѓаните во кризите – ВМРО-ДПМНЕ ги остави сами

    03.10.2025 во 20:28

    Герасимовски: Имаме 120 хигиеничари кои деноноќно работат заради нефункционалноста на Комунална хигиена

    03.10.2025 во 20:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Мицкоски: Да не дозволиме СДСМ да биде влада во Македонија
    • Филипче: Ние ги штитевме граѓаните во кризите – ВМРО-ДПМНЕ ги остави сами
    • Герасимовски: Имаме 120 хигиеничари кои деноноќно работат заради нефункционалноста на Комунална хигиена
    • Филипче: Да ја сопреме неправдата која ја донесе ВМРО-ДПМНЕ
    • Мицкоски: Никој не верува дека СДСМ може да имаат црвени линии
    • Вучиќ го вклучи црвениот аларм: Ќе има војна
    • Има 97 години и се кандидираше за советничка: Еве која жена руши политички рекорди
    • Директорот добро помина: Плата за кој месец зема те прашувам бе
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Јаневска на првиот академски час на УКИМ: Се грижиме да го подобриме квалитетот на домашното високо образование

    Јаневска на првиот академски час на УКИМ: Се грижиме да го подобриме квалитетот на домашното високо образование

    01.10.2025 во 13:14
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денес ги отвори вратите за нова генерација студенти, за сите вие кои верувате дека токму тука ќе добиете знаења, вештини и поддршка за да израснете во лидери кои ќе ја водат Македонија во 21 век. На вистинското место сте, во својата земја, на најстариот универзитет, каде професорите имаат одговори на сите ваши прашања и подготвени се вашиот ентузијазам да го насочат кон дисциплина и одговорност да изградите капацитети за живот во свет што брзо се менува, истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска на првиот академски час на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

    Таа информира дека оваа година на шесте државни универзитети се запишани 10 илјади студенти. Изрази задоволство што студентите не заминале да студираат надвор, туку се определиле токму за Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Им посака добро здравје и успешни студентски години, а на професорите успешна наставно – научна работа.

    – Како институции се грижиме да го подобриме квалитетот на домашното високо образование и да имате услови за пристоен живот тука во сопствената земја. Во изминатиот период донесовме низа мерки за подобар студентски стандард, за поголема финансиска поддршка, посовремени студиски програми. Успеавме да ја откочиме реконструкцијата на студентските домови Стив и Кузман, како и изградбата ФИНКИ и Факултетот за физичка култура. Го проширивме опфатот за студентски оброк, работниот однос на студентите повеќе не е услов за да ги добиваат средствата. Очекувам следната година да имаме ново покачување на дневниот износ, изјави Јаневска. 

    Министерката за образование и наука потенцира дека на располагање на студентите се 3 100 стипендии во повеќе категории, а постапките за аплицирање, како и оние за сместување во студентски домови, целосно се дигитализирани.

    – Го решивме проблемот со бесплатниот јавен превоз на студенти во главниот град. Изгласавме Закон со кој студентите на државните и приватните факултети ќе добијат вредносни ваучери за обезбедување на персонален компјутер, таблет или лаптоп, и редовните и вонредните студенти. И конечно, со новиот Закон за високо образование кој е во подготовка, ќе го поставиме високото образование на цврсти темели. Ве повикувам сето тоа што Ви е ставено на располагање и наменето за Вас, да го искористите. Вие сте и првата генерација студенти која бесплатно, заедно со вашите професори, ќе ја користите најголемата научна база Web of science, како и базата Scopus. Работете на научни и стручни трудови, заедно со вашите професори, тоа е многу важно, истакна Јаневска.

    Таа изрази надеж дека студентите по завршување на студиите ќе останат во својата држава и оти тука ќе ја изградат својата семејна иднина. Според неа,тоа е единствениот пат што води кон просперитет на Македонија.

    Add A Comment
    Leave A Reply Cancel Reply

    Популарно

    Градинките ќе работат до 22 часот навечер

    02.10.2025 во 13:33

    И ова е можно: Затвореник пуштен на седумчасовно отсуство од затвор фатен како превезува 392 таблети бупренорфин во кумановско

    03.10.2025 во 14:47

    Падна судијка – живеела во Скопје, а земала патни трошоци дека патува од Струмица

    02.10.2025 во 13:25

    На кров на „Голф“ по Партизанска, полицијата ги пронајде и казни

    02.10.2025 во 22:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.