Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Вучиќ заминува: Ја почна последната недела како Претседател на Србија
    • Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно
    • Есента полека доаѓа: Од среда 4 степени наутро – неделна временска прогноза
    • Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп
    • Цветна елеганција на Претседателката Сиљановска во Битола
    • „Октоберфест“ почна со инцидент: Посетители виселе со главите надолу поради дефект на реквизит
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски: Градскиот воз тргнува од Драчево – договорот се потпишува утре

    Ѓорѓиевски: Градскиот воз тргнува од Драчево – договорот се потпишува утре

    30.09.2025 во 23:471 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, вечерва во Драчево одржа средба со граѓаните која, како што истакна, прераснала во вистински митинг.

    „Она што требаше да биде мала средба, вечерва прерасна во вистински митинг,“ напиша Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.

    Тој додаде дека во присуство на вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, како и министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, пред граѓаните ја претставиле визијата за „достоинствено Скопје“.

    Посебно, како што нагласи, е горд на најавата од Николоски дека утре ќе се потпише договорот за почеток на проектот „Градски воз“.

    „Првата линија ќе минува токму низ Драчево и за само 7 до 11 минути ќе се стигнува до центарот на Скопје. Ова е историски чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани,“ порача Ѓорѓиевски.

    Тој додаде дека силната поддршка од Владата е доказ дека заедно може да се изгради подобра иднина. „Доаѓа време кога нема да се прашуваме дали може подобро, туку тоа подобро реално ќе го живееме,“ заклучи кандидатот за градоначалник на Скопје.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно

    20.09.2026 во 13:32

    Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

    20.09.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.