Перински - Улман: Соработката треба да продолжи за да се обезбеди уште подинамичен, одржлив и инклузивен развој

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, на денешната средба со амбасадорката на Швајцарија, Н.Е. Вероник Улман, разговараше за  досегашната соработка во областа на локалната самоуправа и рамномерниот регионален развој, како и за приоритетите на Министерството за локална самоуправа во наредниот период.

На средбата беше истакнато дека поддршката на швајцарската Влада во областа на локалната самоуправа и регионалниот развој се реализира преку два големи проекти, коишто се исклучително важни за имплементацијата на политиките и за реализацијата на конкретни инфраструктурни проекти во сите осум плански региони.

Министерот за локална самоуправаПеринскиистакна дека е важно соработката да продолжи, затоа што Владата е особено фокусирана на развојот на општините и на планските региони, за што се обезбедуваат и дополнителни средства во централниот буџет. Во таа смисла беше нагласено дека преку соработка може да се обезбеди уште подинамичен и одржлив развој, согласно потребите и приоритетите на граѓаните.

На состанокот се разговараше и за продолжување на процесот на заедничка координација на активностите за дигитализација на локалните услуги, во којшто Министерството за локална самоуправа и Амбасадата на Швајцарија се двата водечки партнери.

 

Министерот Перински истакна дека дигитализацијата е приоритет на Владата,  формирано е и посебно Министерство за дигитална трансформација, а Министерството за локална самоуправа ќе ги интензивира работите за поефикасно и системско дигитализирање на локалните услуги со вклучување на сите општини, во тесна соработка со надлежното министерство, со општините и со Град Скопје, како и со донаторската заедница.

19.07.2024 - 16:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега