Close Menu
    Најново

    Мамдани до Трамп: Не ти се плашам

    04.11.2025 во 21:18

    Двата автомобили возеле во иста насока: Се судриле близу Плетвар

    04.11.2025 во 20:57

    Се уште не им даваат плата: Протестите на „Паркови и зеленило“ продолжуваат

    04.11.2025 во 20:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Мамдани до Трамп: Не ти се плашам
    • Двата автомобили возеле во иста насока: Се судриле близу Плетвар
    • Се уште не им даваат плата: Протестите на „Паркови и зеленило“ продолжуваат
    • Вонредна состојба во Вашингтон
    • Очув силувал девојче: Мајка и’ знаела и молчела, не и помогнала
    • Претседателката го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година
    • Две лица загинаа, пет се повредени – фатална сообраќајка кај Прилеп-Росоман
    • Митева: ВМРО-ДПМНЕ повторно ја доби довербата од граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Љупчо Николовски: ЕУ потврди дека Министерството за земјоделство ги напуштило реформите во шумарството

    Љупчо Николовски: ЕУ потврди дека Министерството за земјоделство ги напуштило реформите во шумарството

    21.09.2025 во 14:14
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    По вчерашната изјава на премиерот Мицкоски дека „интензивно се работи на ЕУ агендата“, реагираше поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, кој на својот Фејсбук профил напиша дека  „фактите го покажуваат спротивното и дека ЕУ Делегацијата во Скопје официјално потврди оти Министерството за земјоделство ги напуштило реформите во шумарството“, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.

    „Не опозицијата, не некој друг – туку самата ЕУ го вели тоа,“ истакна поранешниот министер за земјоделство Љупчо Николовски.

    Тој во својата објава потсети дека во неговиот мандат, на негово барање, преку ЕУ беа обезбедени 1,5 милиони евра и поддршка за целосна трансформација на секторот. Како резултат на тоа, беа изработени нов европски Закон за шумите, Закон за формирање Агенција за шумите и шумската полиција, Закон за трансформација на ЈП „Македонски шуми“ и интегриран ИТ-систем за контрола на дрвната маса и шумските пожари.

    „Но, за жал, ДПМНЕ ги повлече законите и реформите ги напушти, а софтверите за следење на дрвната маса се нефункционални – бидејќи некому очигледно му одговара хаосот, а не европски стандарди и контрола,“ потенцира  Николовски.

    Поранешниот министер во својата Фејсбук објава посочува и дека зад ваквите одлуки стојат „антиЕУ центри на моќ кои прават сѐ да не се успее“.

    Популарно

    Жени се тепале во Неготино: Една во болница, три во станица

    04.11.2025 во 11:36

    Брат ми се бори за живот, а човекот што проба да го убие шета во Грција: Граѓанин го прозва министерот Тошковски

    03.11.2025 во 17:59

    Како успеа Мицкоски да го исели Јакимовски од Карпош

    04.11.2025 во 12:01

    ЗНАМ: ВРЕДИ го изигра ВМРО-ДПМНЕ

    04.11.2025 во 09:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.