Close Menu
    Најново

    Пукање во Будва: едно лице загина, градот под засилени безбедносни мерки

    30.12.2025 во 20:02

    Турција погодена од над 53.000 земјотреси годинава

    30.12.2025 во 19:46

    Рации во 21 провинција: Турските власти уапсија 357 лица

    30.12.2025 во 19:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Пукање во Будва: едно лице загина, градот под засилени безбедносни мерки
    • Турција погодена од над 53.000 земјотреси годинава
    • Рации во 21 провинција: Турските власти уапсија 357 лица
    • ФОТО: Град Скопје го објави списокот со изведувачи – позната агендата за утрешната прослава на Плотад Македонија
    • Туск: САД се согласиле да распоредат сили во Украина по мировниот договор
    • Русија тврди дека Украина нападнала резиденција на Путин
    • Запрен сообраќај во тунелот под Ла Манш
    • Беким Сали именуван за прв вицепремиер на денешната владина седница
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Ѓорѓиевски: Градскиот воз тргнува од Драчево – договорот се потпишува утре

    Ѓорѓиевски: Градскиот воз тргнува од Драчево – договорот се потпишува утре

    30.09.2025 во 23:47
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, вечерва во Драчево одржа средба со граѓаните која, како што истакна, прераснала во вистински митинг.

    „Она што требаше да биде мала средба, вечерва прерасна во вистински митинг,“ напиша Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.

    Тој додаде дека во присуство на вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, како и министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, пред граѓаните ја претставиле визијата за „достоинствено Скопје“.

    Посебно, како што нагласи, е горд на најавата од Николоски дека утре ќе се потпише договорот за почеток на проектот „Градски воз“.

    „Првата линија ќе минува токму низ Драчево и за само 7 до 11 минути ќе се стигнува до центарот на Скопје. Ова е историски чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани,“ порача Ѓорѓиевски.

    Тој додаде дека силната поддршка од Владата е доказ дека заедно може да се изгради подобра иднина. „Доаѓа време кога нема да се прашуваме дали може подобро, туку тоа подобро реално ќе го живееме,“ заклучи кандидатот за градоначалник на Скопје.

    Популарно

    Обвинителството ја затвори познатата скопска кафеана

    30.12.2025 во 11:25

    Сопругата и синот на Мицкоски на гости во Влада

    29.12.2025 во 18:38

    Денеска подгответе се за снег – од утре голем пресврт

    30.12.2025 во 09:08

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.