Зошто времето така лошо ни влијае овој период и како да го промениме тоа?

Голем дел од луѓето се жалат на тоа дека немаат енрегија, лошо расположени се, а некои од нив имаат и чести главоболки.

Ако погледнеме низ прозорецот, некогаш ни изгледа како да е ноември, а не јуни. Што е уште полошо, метеоролозите најавуваат слично време во текот на целиот месец, односно до крајот на јуни.

Метеоролозите предупредуваат дека климата се менува, а веќе не можеме да ги очекуваме четирите типични годишни времиња. Но, тоа негативно влијае на нашето здравје и ниво на енергија. Во тоа може сите да се сложиме.  

Што препорачуваат докторите?

Никако не ја прескокнувајте својата терапија

Овој период е особено опасен бидејќи на телото му е потребно да се навикне на временските промени, а многу луѓе така би можеле да паднат во искушение да ја прескокнат редовната терапија. Летото дефинитивно не е период за тоа никако, а особено ваквите временски услови. 

Климатските промени стануваат нова реалност, па затоа ќе треба да се приспособиме на нив. 

Лесна храна и течности

Не треба да заборавиме на овошјето и зеленчукот особено оние кои се сезонски. Освен тоа, добро е да пиеме вода во текот на денот. Добро е и денот да се започне со лимонада. Не треба да го оптоваруваме телото со тешка храна воопшто. 

На сонце макар и накратко

Сончевите зраци се штетни, но од друга страна пак, сонцето е важно поради витаминот Д за нашето тело. Имајте на ум дека не треба да останувате долго и директно да бидете изложени на сонце, но добро е да поминете малку време надвор, особено кога температурите не се премногу високи.

Физичка активност

Веројатно ова е последното нешто на кое помислуваме кога сме омалаксани и нерасположени, но добро е да го размрдаме телото. Пробајте да ја прескокнете попладневната дремка, која и онака ве прави дополнително уморни и наместо тоа, отидете на прошетка. Телото ќе ви биде благодарно, а мошне брзо ќе ја забележите разликата.

Одмор од суплементи

Овој период е добар да се направи мала пауза од додатоците во исхраната кои ги земавме во текот на постудените месеци. Секако ова треба да го направите во консултација со вашиот лекар, но експертите посочуваат дека многу суплементи не ни се потребни во текот на летниот период. 

07.06.2023 - 18:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа