Close Menu
    Најново

    Грчките земјоделци ги прекинаа блокадите, Евзони отворен за Нова година

    31.12.2025 во 09:50

    Лука и Хана на тронот: Објавена листата на најпопуларни имиња за бебиња во 2024 година

    31.12.2025 во 09:48

    Празничен распоред на „Водовод“: Денеска скратено, утре неработен ден

    31.12.2025 во 09:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Грчките земјоделци ги прекинаа блокадите, Евзони отворен за Нова година
    • Лука и Хана на тронот: Објавена листата на најпопуларни имиња за бебиња во 2024 година
    • Празничен распоред на „Водовод“: Денеска скратено, утре неработен ден
    • Мицкоски со новогодишна честитка: 2025 беше тешка, но во 2026 следи вкупна преобразба на Македонија
    • Дрзок грабеж среде бел ден: Романци ја нападнале продавачката и побегнале со златото, но не стигнале далеку
    • Учениците од денеска на зимски распуст
    • ЈСП од утре ќе работи редуцирано: Ова е точниот распоред
    • Облечете се топло за дочекот: Силниот северец ќе го зголеми студот, температурите паѓаат до -10
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Значаен ден за одбраната: Генерал-мајор Најт во Генералштабот, Лафчиски одликуван со Медал за истакната служба на Националната гарда  на Вермот

    Значаен ден за одбраната: Генерал-мајор Најт во Генералштабот, Лафчиски одликуван со Медал за истакната служба на Националната гарда  на Вермот

    09.12.2025 во 13:23
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт, во рамки на неговата официјална посета на Република Северна Македонија и Армијата, денес престојуваше во Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана.

    По пречекот со високи воени почести, генералот Најт оствари средби со својот домаќин, началникот на ГШ на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и со министерот за одбрана, Владо Мисајловски, а на истата присуствуваше и амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Н.Е. Анџела Агелер.

    Мисајловски изрази благодарност за досегашниот ангажман и личниот придонес на генералот Најт, осврнувајќи се на тридецениското партнерство и соработка помеѓу Армијата на Република Северна Македонија и Националната гарда на Вермонт. „Заедно ја унапредивме интероперабилноста, програмите за обука и подготвеноста, кои се клучни елементи на нашата заедничка посветеност на мирот и безбедноста. Ми беше привилегија да работам со вас“, рече Мисајловски и додаде дека под водство на генералот Најт „Соработката меѓу Националната гарда на Вермонт и нашата Армија, преку која реализиравме бројни активности – учества во мировни операции, заеднички вежби, обуки и едукација на персоналот – не само што продолжи, туку стана посилна, подлабока и позначајна.“

    Генералот Лафчиски во оваа прилика му се заблагодари на генералот Најт за долгогодишната соработка, истакнувајќи: „Вие сте еден од ретките кои дадоа поддршка на сите единици во Армијата, а вашата работа е препознаена и високо ценета кај нас.“ Дополнително, генералот Лафчиски ја потенцираше досегашната соработка и можностите за нејзино понатамошно унапредување, особено во развојот на АП „Криволак“, заедничката обука на персоналот на Армијата со Националната гарда на Вермонт и учеството на меѓународни вежби.

    Генералот Најт истакна дека за него ова партнерство претставува „навистина извонредно искуство“, додавајќи дека напредокот, заедничките постигнувања и професионализмот прикажан со текот на годините „се навистина впечатливи и вредни за признание“. Тој се заблагодари за гостопримството, колегијалноста и пријателството меѓу Армијата и Националната гарда на Вермонт.

    Во знак на благодарност за успешната соработка, како и поради завршување на мандатот на генералот Најт, во Генералштабот на Армијата беше организирана церемонија на која министерот Мисајловски и генералот Лафчиски, на командантот на НГ на Вермонт му доделија пригодни подароци. Во оваа прилика за остварени особени резултати и достигнувања во координацијата и соработката со Армијата на Република Северна Македонија, генералот Лафчиски му додели златна значка за партнерство на потполковник Патрик Енрикез, за време на неговата служба во Канцеларијата за одбранбена соработка со  САД во нашата држава, која ја извршуваше во период 2017-2020 година.

    На завршетокот на официјалната церемонија, генералот Лафчиски од страна на генералот Најт беше одликуван со Медал за истакната служба на Националната гарда  на Вермот, одликување кое се доделува за извонредна и витална поддршка на Програмата за државно партнерство со САД. При ова генералот Најт ги истакна лидерството и експертизата на генералот Лафчиски, кои имаат директно позитивно влијание врз напорите на Република Северна Македонија во постигнување на НАТО целите како ценет партнер.

    По активностите во Генералштабот и Министерството за одбрана, командантот на Националната гарда на Вермонт во текот на денот ќе оствари средба и со претседателката на Република Северна Македонија и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова.

    Во текот на утрешниот ден, генералот Најт ќе ја посети Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“, каде се предвидени средби со раководството на оваа високообразовна институција.

    Во рамките на петдневната официјална посета, која започна на 07.12.2025 година, генералот Најт во текот на вчерашниот ден оствари и средба со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

    Популарно

    Тажна вест: Почина познат скопјанец – познат по својата хуманост и добрина

    30.12.2025 во 21:35

    Калајџиев: Си играте играчки – ѕидот на срамот е импровизација

    30.12.2025 во 21:24

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50

    УЈП со важно известување до граѓаните: Електронските услуги ќе бидат во прекин

    30.12.2025 во 15:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.