Екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица интервенирала во селото Пиперево по добиена пријава за змија во семеен дом.

Како што информираат од противпожарната служба, влекачот бил заловен и отстранет од објектот без последици.

Станува збор за змија од видот белоушка, која е барска и неотровна змија.

По успешно спроведената акција, од ТППЕ Струмица упатија предупредување до локалното население при вакви ситуации да не преземаат чекори на своја рака.

„Апелираме до граѓаните: Доколку забележите змија или друга потенцијална опасност, не обидувајте се сами да ја отстраните. Веднаш известете ги надлежните служби, кои се обучени и опремени за безбедно постапување“, се наведува во соопштението.

Од противпожарната единица порачаа дека остануваат на располагање за сите потреби на граѓаните.

„Пожарникари-спасители Струмица – секогаш во служба на граѓаните!“, порачаа од ТППЕ Струмица.

Exit mobile version