Цената на златото денеска повторно е во пораст на светските пазари, продолжувајќи го закрепнувањето по падот во средината на неделата.
Спот-цената на златото во текот на денешното тргување се движи околу 4.350 долари за унца, со раст од околу 0,3 отсто. Во текот на денот цената се движела во интервал од приближно 4.334 до 4.366 долари за унца.
Движењето следува откако во четвртокот златото поскапе за повеќе од два отсто. Reuters објави дека растот бил поттикнат од падот на цената на нафтата и слабеењето на американскиот долар, што го направило златото поатрактивно за купувачите кои користат други валути.
На пазарите и натаму се следат сигналите од американската Федерална резерва, откако во средата каматната стапка беше зголемена за 0,25 процентни поени. Повисоките каматни стапки вообичаено создаваат притисок врз златото, бидејќи благородниот метал не носи каматен принос.
Во моментов, сепак, златото се задржува над 4.300 долари за унца, по што претходно во неделата падна на повеќе од едномесечен минимум.


