Американската влада ја објави новата, ексклузивна имиграциска програма „Златна карта на Трамп“ (Trump Gold Card), која нуди директен пат до државјанство за квалификувани и проверени странци кои се подготвени да инвестираат.

Претседателот Доналд Трамп ја објави веста на Truth Social: „Златната карта на Трамп на владата на Соединетите Американски Држави пристигна денеска! Директен пат до државјанство за сите квалификувани и проверени лица.“

Услови за „Златна карта на Трамп“ (Trump Gold Card):

Програмата, која ја заменува постоечката програма EB-5, е наменета за богати странци кои сакаат да инвестираат и да отвораат работни места во САД.

  • Надоместок за обработка (потребна е претходна проверка од Министерството за домашна безбедност).
  • Уплата/Придонес од 1 милион долари.
  • Право на престој во САД за рекордно кратко време, со долгорочен пат до стекнување државјанство.

Американскиот министер за трговија, Хауард Лутник, претходно изјави дека старата програма ЕБ-5 била подложна на злоупотреби. Трамп ја опиша новата програма како „нешто како зелена карта, но на повисоко ниво на софистицираност“.

Администрацијата најави и уште поексклузивна програма, наменета за најбогатите странци. Оваа програма нуди „највисоко ниво на пристап“ и ослободување од даночни обврски за странски приходи.

  • Надоместок за обработка (потребна е претходна проверка).
  • Придонес од 5 милиони долари.
  • Право на престој до 270 дена во САД без обврска за плаќање американски данок на доход остварен надвор од САД.

Трамп уште во февруари најави дека овие програми се замислени за „богати, успешни луѓе“ кои ќе потрошат многу пари, ќе платат многу даноци и ќе вработат многу луѓе. Тој дури најави дека и некои руски олигарси, и покрај американските санкции, би можеле да ги исполнуваат условите.

Exit mobile version