Во Македонската академија на науки и уметности (МАНУ) денеска ќе биде соопштено името на добитникот на престижната награда „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ за 2026 година.
„Струшките вечери на поезијата“ традиционално се одржуваат секој август, а фестивалот започнува со симболично садење дрво и поетско читање во чест на лауреатот.
„Златен венец“ е највисокото меѓународно признание на фестивалот, кое се доделува на истакнат светски поет за животно дело. Името на добитникот, по правило, се објавува неколку месеци пред одржувањето на манифестацијата.

