Трошоците на животот во февруари бележат благ раст од 0,2% во споредба со јануари, но вистинскиот притисок се чувствува на годишно ниво. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во февруари 2026 година е зголемен за 2,9% во однос на истиот месец минатата година.
Што поскапе најмногу во февруари? Најголем скок на цените на месечно ниво е забележан кај услугите за образование, кои пораснале за високи 4%. Веднаш по нив се облеката и обувките со раст од 1,1%, како и производите за лична нега и социјална заштита (0,9%). Иако минимално (0,2%), пораснале и трошоците за храна, безалкохолни пијалаци и домување (сметки за вода и струја).


