Ескалацијата на воениот конфликт во Иран предизвика силен потрес на глобалните берзи, што директно се одрази врз џебот на американските потрошувачи. Цените на нафтата забележаа остар раст оваа недела, носејќи нов бран поскапувања на бензинските станици ширум САД и дополнителен притисок врз трошоците за живот.
Според податоците на CNN, цената на суровата нафта денес се искачи на највисокото ниво по средината на 2022 година – период кога пазарот беше во хаос поради почетокот на руската инвазија врз Украина.
Рекордни цени за време на мандатот на Трамп
Најновите извештаи на Американската автомобилска асоцијација (ААА) потврдуваат дека енергетската криза зема залет. Националната просечна цена на барел обичен бензин достигна 3,48 долари, што претставува рекордно висока вредност забележана за време на претседателскиот мандат на Доналд Трамп.
Медиумските мрежи, предводени од CNN, воспоставија постојан мониторинг на цените во секоја американска сојузна држава. Целта е прецизно да се оцени како американско-израелскиот конфликт со Иран влијае врз домашниот пазар на гориво и колку длабоко оваа геополитичка криза ќе ги засегне секојдневните трошоци на граѓаните.


