Жителите од една скопска населба утре ќе бидат без вода

 Поради уличен дефект на водоводна цевка утре без вода  ќе бидат дел од корисниците во населбата Автокоманда, општина Гази Баба.

Од РЦУК Скопје информират дека утре поради уличен дефект на водоводна цевка со пречник од ф600мм, на ул.„Петар Горгиев“ бб во населба Автокоманда, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од ул.„Беласица“ и бензиската пумпа „Пуцко Петрол“, а со намален притисок ќе бидат дел од корисниците од населба Автокоманда во време од 9:00 часот до завршување на работата. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.09.2020 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега