Жителите на Охрид да не се плашат: Утре ќе има боево гаѓање

СВР Охрид соопшти дека утре (06.10.2022) со почеток од 90.00 часот ќе има вежбовна активност за боево гаѓање.

„Утре (06.10.2022 година), со почеток од 09 часот, полициски службеници од полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата при Секторот за внатрешни работи Охрид, на стрелиштето „Бејбунар“ ќе спроведат вежбовна активност за боево гаѓање. Оваа активност, се реализира со претходен договор и известување до стрелиштето, ловното друштво Охрид, ЈЗУ „Здравствен дом” Охрид и урбаната заедница „Билјанини извори”“, информираат од МВР.

Полициски екипи пред боевото гаѓање ќе извршат обиколка и обезбедување на подрачјето на стрелиштето „Бејбунар” со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони.

Медицинското обезбедување на боевото гаѓање ќе го вршат стручните медицински екипи од ЈЗУ „Здравствен дом”, соопшти СВР Охрид.

05.10.2022 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега