Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Жерновски: Спремаат сценарио за предвремени избори и меѓуетнички тензии во режија на српските и руските служби

    Жерновски: Спремаат сценарио за предвремени избори и меѓуетнички тензии во режија на српските и руските служби

    25.08.2026 во 12:343 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Опозициската СДСМ денеска излезе со обвинувања дека премиерот Христијан Мицкоски подготвува сценарио за предвремени парламентарни избори и вештачко предизвикување на меѓуетнички тензии, кои според партијата се координирани со српските и руските служби.

    На денешната прес-конференција, секретарот за меѓународна соработка и член на ИО на СДСМ, Андреј Жерновски, истакна дека нивна должност е да ги предупредат граѓаните за развојот на настаните во наредниот период.

    „Ние, на денешната прес-конференција сакаме да го објасниме сценариото коешто е во режија на Мицкоски, поточно кажано во режија на српските и руските служби, а коешто за жал ќе го гледаме во наредниот период. Нас како СДСМ ни е должност ова сценарио да го презентираме пред граѓаните за да предупредиме што ќе се случува. Не бевме на почетокот разбрани кога објаснувавме за српски свет, за Орбан, за Вучиќ, подоцна беше јасно дека тоа што кажувавме беше вистина“, изјави Жерновски.

    Според Жерновски, главната причина за барањето предвремени избори е празниот буџет и недостатокот на економски резултати на актуелната власт.

    „Мицкоски очајно бара алиби за избори. Внимавајте, самиот кажува дека не сака предвремени избори, но истовремено моли да му биде фрлена ракавица или веројатно поточен е изразот да му биде фрлена гума за спасување од страна на опозицијата. Тоа е неверојатно спротивно на она што самиот го кажува. Уште еднаш на почетокот да му порачам дека СДСМ нема да биде алиби за ова сценарио во коешто тој има само улога, макар и главна, но не е режисер. Тој не сака да признае дека главниот проблем и главната причина зошто бара предвремени избори е празниот буџет“, нагласи Тој.

    Жерновски додаде дека по пропаѓањето на првичното сценарио со Бугарија, фокусот на Владата ќе се пренасочи кон меѓуетничките односи со Албанците.

    „Откако пропадна тоа сценарио, сега јавноста, сакаме на ова да предупредиме, ќе биде сведок на ново сценарио. Сега нема да бидат главен аргумент противник наш, односно алиби за избори, Бугарите, туку ќе бидат, внимавајте, Албанците. Тоа сценарио не е само потребно на или за националистичката кампања на ВМРО, туку му е потребно и на Вучиќ. Вучиќ започнува со истите обвинувања, со истото сценарио, со истиот терк. Ова алиби, мораме и тоа да го кажеме отворено, не е како сценарио смислено во главата на Мицкоски. Тоа е алиби којшто му го даваат руско-српските служби“, рече Жерновски.

    Тој осврнувајќи се на реториката на Владата кон опозицијата и нејзиниот лидер Венко Филипче, посочи дека се користи стратегија за Поделба на граѓаните.

    „Така и против претседателот на СДСМ, доктор Венко Филипче, со којшто пет години водеа морбидна кампања за модуларните болници, го нарекуваат убиец, го нарекуваат дури и доктор Менгеле. Не водејќи сметка дека доктор Филипче излегува пред своите пациенти како доктор и пред своите студенти како професор. Значи, токму тие се користеа со трагичната судбина на оние што ги загубија животите во модуларната болница за да добијат политички поени со тоа што го напаѓаа лидерот на опозицијата“, порача Жерновски.

    Од СДСМ порачаа дека нема да бидат дел од ова сценарио и дека ќе се борат за разобличување на обидите за дестабилизација.

    „Почитувани граѓани, бидете уверени дека СДСМ до крај ќе се бори да го разобличи ова сценарио. Сакам да заклучиме заедно дека, за жал, ќе го гледаме повторно сценариото од 90-тите, дека, за жал, ќе гледаме вештачко предизвикување на судири и тоа во она што сè уште е кревко, а тоа е меѓуетничките и меѓунационалните тензии. Македонија не смее ова да го дозволи. СДСМ нема да учествува во ова сценарио“, заклучи тој.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.